10 смешни моменти со кои многумина можат да се поистоветуваат
Во ерата на социјалните медиуми, Твитер се појави како моќна платформа за споделување мисли, мислења и, се разбира, хумор. Корисниците станаа мајстори на концизната комедија, изработувајќи смешни содржини што можат да ги разубават дури и најмрачните денови.
1.
Срамота е колку пати сум гледала филм дома и ќе си помислам „ова беше добар филм“, потоа ќе изгуглам да најдам повеќе за филмот и ќе прочитам дека всушност се смета за лош филм и има многу лош рејтинг.
2.
Ја однесов мојата 8-годишна ќерка на работа затоа што беше „Земи го твоето дете на работа“ ден.
Како што влеговме во канцеларијата таа почна да плаче, па ја прашав што не е во ред. Како што моите колеги се собраа наоколу таа плачејќи рече: „Но, тато каде се сите кловнови со кои викаш дека работиш?“

3.
Како што мојот син тргна со автомобилот за да се врати на факултет во другиот град, одеднаш застана, излезе од него, и се врати назад во куќата со некоја цел и јас бев како „Лелее се врати за уште една гушка?“, а тој ми рече „Не, си ги заборавив очилата за сонце“.
Во ред е, јас сум во ред, се е во ред.
4.
Мојот син се одлучи да сподели со мене дека бил пират. Знаел уште кога имал 9 години.
Се одлучив да се консултирам со доктор за да видам кои ни се опциите.
Една нога и едно око мора да одат за да се чувствува како да се родил во правилното тело.
Морам да ги почитувам неговите одлуки.
5.
Ќерка ми само што ме праша како било да се оди на училиште во 1900-тите. Не сум добро.

6.
Мојот 3-годишен син се налути и ми рече дека сакал друга мајка. Јас го прашав „Каква мајка сакаш?“ и тој рече „таа што ќе носи црн костум“
Сум размислувала многу пати кога потфрлувам како родител, но на крај на памет не ми било дека потфрлувам поради тоа што немам црн костум.
7.
Син ми имаше термин на доктор, но завршивме порано. Го прашав дали сака да доручкуваме некаде или сака одма да оди во училиште. Тој избра училиште. Каков идиот.
8.
Јас: Мислев дека рече дека ќе ги однесеш овие кутии во гаражата.
Маж ми: Да, во некој момент.
7-годишниот син од другата соба: Тоа значи дека таа сака да ги однесеш сега!

9.
Го убедив маж ми да вечераме околу 17 часот за да се вратиме дома во нормално време и нашата трансформација во сладок постар пар е речиси комплетна.
10.
Кога го запознав требаше веднаш да ги препознаам „црвените знамиња“, сакаше веднаш да живее со мене. 11 месеци подоцна, тој се уште нема работа или пари и не можам да направам ништо без тој да го следи секое мое движење. Мислам, знам дека ми е син, ама мора да се прибере малце.

Коментирај анонимно