10 стари холивудски ѕвезди чијашто убавина всушност не е толку природна
Многу луѓе ги прекоруваат модерните девојки за фактот дека, во потрага по убавина, тие претерано се занимаваат со козметичари. Истите луѓе тврдат дека прекрасните жени и згодните мажи од минатиот век имале тотално „природна“ убавина и дека актерките од стариот Холивуд се совршен доказ за тоа. Сепак, ова мислење е погрешно. Познатите личности ги користеле услугите на пластични хирурзи и во тие времиња, а исто така користеле вазелин и ги бричеле лицата за да го добијат тој совршен изглед.
Мерилин Монро

Мерлин била подложена на пластични операции. Оваа информација е заведена во белешките на нејзиниот хирург (Мајкл Гурдин) кои укажуваат дека на славната личност и бил извршена операција на носот и брадата. Операцијата се претпоставува дека е направена во 1950 година. Таа исто така користела и хормонални креми.
Глорија Грахам

Ставала памук под усните за да ѝ изгледаат поголеми и тоа можело да се забележи во сцените со бакнување.
Марлен Дитрих

Марлен Дитрих го зазема 9-то место на листата на најголеми актерки на класични холивудски филмови во рејтингот на Американскиот филмски институт. Таа иако немала пластична операција од своите фризери барала со шноли да ѝ затегаат мали прамени од косата за лицето да ѝ изгледа позатегнато, односно да се добие лифтинг ефект.
Бурт Ланкастер

Добитникот на наградите Оскар и Златен глобус, Бурт Ланкастер порано играше мачо момци на почетокот на својата кариера. Сепак, сонувал за подраматични улоги за кои е потребен одреден изглед. Затоа, во текот на многу години, Бурт постојано го подобруваше лицето: ги коригираше забите, обликот на јаболчниците и брадата, итн. Биографската книга за животот на Бурт Ланкастер споменува цитат каде што вели дека имал толку многу операции што , според неговите зборови: „Највистинското нешто на моето лице се моите очи“.
Рита Хејворт

Една од најпопуларните американски актерки во 40-тите години на минатиот век, Рита Хејворт имаше шпански корени и затоа првично беше бринета. Со цел да ги исполни стандардите за убавина на Холивуд и да добие позначајни улоги во филмовите, таа мораше да ја обои косата црвена и да направи електролиза (метод за отстранување на одделни влакна од лицето или од телото со употреба на хемикалии или топлинска енергија) за да ја врати косата и визуелно направи нејзиното чело да изгледа повисоко.
Кларк Гејбл

Тој добил Холивудска насмевка откако му ја платила неговата прва сопруга која била 17 години постара од него.
Џин Харлоу

Џин важеше за идеална платинеста русокоса пред да се појави Мерилин Монро на големото платно. Актерката дури имаше и соодветен прекар. Се верува дека Харлоу ја добил оваа нијанса на коса благодарение на токсичната мешавина за боење, која вклучувала белило, пероксид, амонијак и лукс детергент за перење. Сепак, оваа мешавина е всушност многу опасна и може да биде дури и фатална
Елизабет Тејлор

Неверојатната Елизабет Тејлор, која била особено запаметена по улогата на Клеопатра, користела брич за да изгледа убаво на екранот. Актерката го бричела лицето за да ги отстрани мртвите клетки и да направи кожата да изгледа совршено мазно.
Дин Мартин

Зеџ пејачот и актер во младоста го скршил носот и не бил задоволен од неговиот изглед. Затоа тој одлучил да направи операција која го исправила но не го променила драстично неговиот нос.
Мери Пикфорд

Желбата да изгледа младо и свежо изиграла сурова шега со легендата на немиот филм Мери Пикфорд. Таа премногу рано направила лифтинг кој бил неуспешен. Мери не можела да се насмевне ниту да ги изрази своите емоции, што е многу битно за актерка во нем филм.
