10 трикови со кои ќе контролирате колку јадете, без да се чувствувате гладни

Диетите може да бидат многу тешки и одземаат многу време и веројатно ве оставаат со чувство на глад почесто.

Но, имаме добри вести за вас: Интернетот е исполнет со мали навики што можете да ги научите и кои ќе помогнат да го намалите посакувањето на одредено количетво на храна, без да се чувствувате гладни.

1. Јадете повеќе зачинета храна

Посипете малку лут зачин на вашата омилена храна, или исечете лута пиперка со некои зеленчуци. Тоа е многу едноставен трик што го зајакнува вкусот на вашата храна и промовира губење на тежината со намалување на гладот, според оваа студија. „Откривме дека консумирањето црвена пиперка може да помогне во управувањето со апетитот и да согорите повеќе калории после оброк, особено за лица кои не консумираат зачин редовно“, тврди истражувач.

2. Пијте од висока чаша

Шеќерните пијалоци обично не се препорачуваат во диетата. Едноставен трик да сепак да уживате во вашиот омилен пијалок е да го ставате во потенки, повисоки чаши. Како што е предложено од оваа студија, ќе се чувствувате како да сте пиеле повеќе. Додадете дополнителен мраз во вашиот пијалок за да изгледа уште пополно.

3. Уживајте во нане

Мирисот и вкусот на пеперминт може да промовираат губење на тежината со тоа што ќе се борите против желбите за храна што може да ги имате во текот на денот. Значи, за да го намалите претерано грицкањето, предлагаме да купите свеќа со мирис на нане или да испиете некој вкусен чај од нане во текот на денот.

4. Јадете со недоминантна рака

Можеби е малку предизвик, но јадењето со „погрешна“ рака ќе ве натера да јадете побавно и да бидете позамислени. Се вели дека ова ќе го намали гладот и ќе доведе до поголемо ниво на задоволство помеѓу оброците.

5. Купете чинии во боја

Оваа студија сугерира дека постоењето на контраст во боја помеѓу вашата храна и чинијата е клучот за да ве натера да си ставите помалку храна. И покрај тоа што причината сè уште не е јасна, други истражувања откриле дека луѓето што јадат од црвени чинии јадат помалку во целост, независно од бојата на храната.

6. Исто така купете помали чинии

Големите чинии ве „принудуваат“ да сервирате повеќе храна, а со тоа и да се прејадувате. Затоа е подобро да си купите мали чинии.

7. Завршете го оброкот со нов вид слатки

Сите сакаме слатки и повеќето од нас не можат да чекаат до десерт додека вечераме. За жал, исто така знаеме дека овие закуски не се вклопуваат премногу во диетата. Обидете се да ги смените со поздрава варијанта, како на пример благ чај или пак чаша какао.

8. Започнете го секој оброк со чаша вода

Симптоми на дехидрираност можат да бидат оние што предизвикуваат негодување на стомакот наместо вистинска глад. Конзумирањето многу вода и чај од билки ќе ви помогнат да бидете задоволни во текот на денот. И за среќа, водата е една од ретките работи во кои може да се занесете колку што сакате, без да се грижите за внесувањето калории.

9. Додајте зеленчук

Лесен начин за намалување на калории е со пополнување на вашите оброци со многу зеленчуци.

10. Направете јагленохидратите да бидат преливот наместо основата

Зрната го прават нивото на шеќер во крвта да расте после оброците, што доведува до зголемување на телесната тежина. Затоа ви предлагаме да размислите повторно за начинот на кој ги користите. На пример, наполнете ја чашата со јогурт и додадете малку зрна на врвот.