10 утрински трикови за да се ослободите од целодневното чувство на замор
Повеќето луѓе можат да признаат дека подготвувањето наутро не е најзабавно нешто што треба да се направи.
За среќа, луѓето имаат мали трикови со кои се будат и го победуваат заморот, пред да го започнат денот, од промена на светлата до започнување разговор.
1. Не притискајте го копчето за одложување
Избегнете го искушението да го притиснете копчето „snooze“ за одложување на алармот. Фрагментиран сон може да предизвика замор подоцна во текот на денот, затоа што е подобро да се разбудите после вашиот РЕМ циклус.
2. Испијте чаша вода
Кога треба да се разбудите, кафето или чајот ви се први на ум. Наместо тоа, вашиот прв пијалок треба да биде едноставна чаша вода за да ве освежи и хидрира, давајќи ви поголема енергија.
3. Истегнете го телото
Кога спиете, вашите мускули всушност претрпуваат форма на парализа. Едноставни вежби, како истегнување, ослободуваат ендорфин и ви даваат енергија.
4. Испрскајте се со вода
Студениот туш е класичен трик што ќе ве разбуди, но не мора да бидете драстични. Ставете вода во шише со распрскувач и испрскајте се со вода.
5. Појадувајте
Кога ќе се разбудите наутро, примамливо е да го прескокнете појадокот но вистината е, ние ја добиваме нашата енергија од храна, затоа треба да јадеме. Внимавајте да јадете здрава храна.
6. Пијте помалку кафе
Ние не негираме дека кафето може да ви помогне да ве разбуди наутро. Но, премногу кофеин може да донесе замор подоцна во текот на денот. Клучот е умереноста.
7. Излезете надвор
Сончевата светлина може да помогне во подобрување на нивото на серотонин на вашето тело, што не само што помага за подобрување на вашиот сон, туку и ви дава енергија во текот на денот.
8. Вклучете го светлото
Дури и да се наоѓате во просторија со слабо светло може да ви донесе замор, затоа бидете сигурни дека вашата соба е исполнета со светло без разлика дали е сончева светлина или од сијалица.
9. Започнете разговор
Кога се чувствувате заспано, започнете разговор со колега или со некој на масата за време на појадокот. Ова ќе го стимулира вашиот мозок.
10. Направете промена на рутината
Ако постојано следите еден ист распоред ќе завршите во монотонија затоа измешајте ги работите и изменете ги задачите наутро кога се чувствувате уморни. Само бидете практични за тоа – на пример, не правете никаква вежба сè додека не јадете за да согорите калории.