10 Велигденски вицови за слатко да ве насмееме на најголемиот христијански празник
Најновата мерка на Владата:
За Велигден при купување на јагнешко, во месарите ќе имате на располагање консултант за брзи кредити.
– – – – – – –
Грчки газда на хотел колне друг газда:
– Да даде Господ да ти дојдат за Велигден 3 автобуси македонски туристи и сите со полни торби паштети!
– – – – – – –
Знаете ли дека:
Најбрзо можете да си ги бојадисате јајцата со кинески боксерки.
– – – – – – –
Семејство. Жената работи, а мажот е невработен.
Ден пред Велигден мажот ѝ се јавува на жената:
– Жено се сум средил за Велигден. Успеав да го сварам козињакот, да го бојадисам јагнето и да ги испечам јајцата.
– – – – – – –
– Мажу, каде ќе ме носиш на Божиќ?
– Кај мајка ти.
– А на Велигден?
– На Велигден ќе дојдам да те земам.
– – – – – – –
Од МВР предупредуваат: За Велигден не тргнувајте на пат без пари…
– – – – – – –
Пред Велигден…
По улицата се влече изморена жена, во двете раце носи огромни кеси со производи од супермаркет, одвај оди. Наеднаш пред неа скокнува манијак во мантил, го шири мантилот и застанува пред неа сосема гол. Жената го погледнува, ги остава кесите на земја, се плеска со раката по челото и вели:
– Тууу, заборавив да купам јајца…
– – – – – – –
Оваа година велигденските пости продолжуваат и по Велигден… со тие плати…
– – – – – – –
– Жено, се јавив да ни го исклучат интернетот.
– Леле, зошто?!
– Па Велигден е, треба да бојадисаш јајца и да зготвиш ручек.
– – – – – – –
Во банката:
– Цел на кредитот?
– Јајца за Велигден…
– Одобрено!
Греота е да пишувате вицови од суровата македонска сиромаштија односно реалност😢😡
Да тања греота е ама поради тебе и тие како тебе што се јаки на тастатура излези пред вчада на протест и направи несто ти сигурно си 40+ години
🙂 Во револуциите секогаш, биле МЛАДИ…така да…шо к*р се иселувате!
А деновиве баш некаде прочитав, дека теткиците 40+, биле најдобри во кревет.
Коментирај анонимно