10 златни правила на Далај Лама, како да имаме добар и среќен живот

Добитник на Нобелова награда и легендарен активист за зачувување на мирот, Далај Лама има пишувано многу дела за животот и луѓето, од кои за најголема инспирација се сметаат неговите 10 правила за добар и среќен живот.

Еве кои се тие:

1. Имајте на ум дека големата љубов и големите успеси со себе носат и голем ризик.

2. Не можете да победувате секој пат во животот, а при несогласување со вашата сакана личност, исклучиво гледајте ја сегашната ситуација, а не минатото.

3. Почитувајте се, почитувајте ги другите и преземете одговорност за своите постапки.

4. Понекогаш најдоброто нешто што може да ви се случи е да не го добиете она што го сакате.

5. Добро научете ги правилата за да ги знаете добро и да ги прекршите.

6. Не дозволувајте малите несогласувања да ги повредат големите пријателства.

7. Кога ќе сфатите дека сте погрешиле, веднаш направете сè за да ја поправите грешката.

8. Одвојте барем малку време за себе секој ден.

9. Не плашете се да пробате нешто ново, но не напуштајте ги своите вредности.

10. Тишината е понекогаш најгласниот одговор.