100 % татко: Бредли Купер е одличен самохран татко кој го носи наследството на љубовта од неговиот покоен татко кон неговата ќерка Леа

Бредли Купер низ годините настапувал во различни улоги, а речиси во секоја успеал. Но, тој секојдневно прави една работа за која не сме свесни: да биде татко. Бредли е татко на 4-годишното девојче Леа од врската со Ирина Шајк. И покрај нивното раскинување, актерот отсекогаш се трудел да биде најдобриот родител што можел да биде, слично како што му бил неговиот покоен татко нему.

 

1. Страсната романса на Бредли и Ирина

 

И покрај тоа што се добро познати славниличности, Ирина Шајк и Бредли Купер многу ја ценат нивната приватност, особено кога се вклучени во врска, па така тие напорно работеа за да ја задржат таа тајна откако за прв пат се сретнаа во 2015 година.

Купер и Шајк првпат ги вкрстија патиштата веднаш по раскинувањето на Бредли со Суки Вотерхаус и 5-годишната романса на Шајк со фудбалерот Кристијано Роналдо. Тие се појавија во јавноста за прв пат во 2016 година, откако неколку месеци нивната романса не беше потврдена. Како пар, тие изгледаа целосно заљубени и радосни.

 

Работите добија добар пресврт за нив кога Шајк беше видена на модната писта на модното шоу на „Викторијас Сикрет“ и ги наведе луѓето да шпекулираат за нејзината бременост. Подоцна, во март 2017 година, прекрасниот пар ја пречека нивната прва ќерка, Леа Де Сејн Шајк Купер.

Купер и Шајк ја држеа ќерка си подалеку од центарот на вниманието, додека сè уште беа фотографирани овде-онде, поминувајќи квалитетно семејно време заедно. И покрај преполните распореди, и двајцата работеа напорно за да го воспитаат своето дете самостојно, одбивајќи да ангажираат бебиситерка. Ирина тврдеше: „Кога сум со ќерка ми, јас сум 100% мајка, а кога таа е со нејзиниот татко, тој е 100% нејзиниот татко“.

 

2. Тие можеби се разделија, но го сфаќаат родителството многу сериозно

Бидејќи Купер беше силно ангажиран во својата работа, некои извештаи спомнаа дека почнала да се создава криза меѓу парот. „Тие сакаат да останат заедно за нивната ќерка, но ниту еден од нив не е многу среќен“. Сепак, Купер и Шајк официјално завршија во 2019 година, но тие сепак дадоа сѐ од себе за своето дете.

Додека нивните патеки како двојка се разминуваа, Купер беше цврст во својата посветеност да ја воспитува својата ќерка како самохран родител и да вложи максимални напори да и биде татко полн со љубов. Тој, всушност, направи толку добро што Шајк го пофали дека е извонреден родител. „Тој е целосен, практичен татко“, рече манекенката.

 

Купер постојано покажува дека да се биде татко е најгордото достигнување во неговиот живот. Тоа го покажа на многу начини, како кога си играше со својата ќерка во јавност, а еден папарацо го сними драгоцениот момент.

За актерот, да стане родител и да напредува како самохран татко целосно го револуционизира него и неговиот живот. „Татковството е… сè се смени“, призна Купер. „Секоја работа е апсолутно засенчена од, или внесена во славни бои, со фактот што јас станав татко на прекрасно човечко суштество“.

 

3. Тој е посебно поврзан со неговата ќерка

Бредли е повеќенаградуван актер со напорен распоред, но тоа не го спречува да поминува време со Леа и да се занимава со активности за татко и ќерка. Тој призна дека сакал да гледа цртани со своето дете.

Се чини дека Бредли веќе ја нашол среќата со своите професионални успеси. Сепак, тој забележа дека големите ситуации што некогаш го погодувале сега изгледаат малку во споредба со радоста на родителството на неговата ќерка. Така, тој изјавил: „Да имам дете и мое семејство – што е чудо и нешто за што отсекогаш сум сонувал – ме отвори уште повеќе“.

 

4. Како Леа го потсетува на неговиот покоен татко?

Сè што Бредли прави за својата ќерка Леа, сега го потсетува на неговиот татко, кој во 2011 година почин без да ја запознае својата внука. Чарлс Купер подолг период се борел со ракот, а неговиот син бил покрај него до последниот здив.

Откако неговиот татко починал, Бредли искрено се изјаснил за неговата загуба, велејќи: „Тоа е нова реалност, тоа не е мала работа, тоа е сосема нов свет. И тоа беше моментално. На неговото последно издишување јас го држев и како да се смени сè“.

 

Кога некој близок ќе почине, ние обично повторно го доживуваме нивното присуство во нови врски, исто како што доживеа Бредли со неговата ќерка: „Таа е неверојатна и често го гледам татко ми во неа“ . Имало моменти кога Купер признал дека зјапал во својата ќерка, чувствувајќи го присуството на неговиот татко: „Не можам да верувам дека ќе го признаам ова, но имав моменти кога бев во собата со неа и би рекол: „Тато?“ Потоа додаде: „Има некои моменти кога таа изгледа исто како татко ми“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *