102-годишен воен ветеран од Австралија одбива да се пензионира и сѐ уште вредно работи во продавница за играчки

Фил Хоџсон е 102-годишен воен ветеран, кој им пркоси на своите години и докажува дека никогаш не е доцна за промена на кариерата. Овој инспиративен човек целиот свој живот работел како бербер, продавач, но, истотака се борел за Австралија во Втората Светска војна. Тој е упорен во својата намера да не се пензионира и затоа решил да ја истражи својата страст за дрводелство, така што веќе 15 години изработува и поправа детски играчки, како масички, столчиња и куќички за кукли, заедно со своите колеги во Центарот за реставрација на играчки Сатерленд Шајр во јужниот дел на Сиднеј.

За разлика од него, неговиот 79-годишен син решил да се пензионира, ја немал истата истрајност и упорност како својот татко.

Фил Хоџсон почнал да работи како бербер во 1934 година, потоа продолжил да работи како продавач, но поради Втората Светска војна ја прекинал кариерата. Откако неколку години се борел за својата земја, во своите 60-ти години на краток период се пензионирал.

Тој е многу стручен во изработката на разни дрвени играчки, што дури и неговата шефица не му дозволува да се пензионира додека не најде негова соодветна замена. Добивката од продажбата на играчките ја донираат во добротворни цели. Имено, во 2021 година, Центарот за реставрација донираше 27.000 американски долари на својата локална заедница.

На прашањето дали ужива во својата работа, овој енергичен ветеран изјавил: „О, да, секој ден. И не се жалам воопшто“.