102-годишен човек кој го преживеал Холокаустот и мислел дека нема семејство по 80 години се сретна со својот внук
Иако на сите луѓе им се судено во животот да поминат низ тешки моменти, ретко кои работи би можеле да се споделат со теророт на војната.
И покрај тоа што геноцидот на Евреите за време на Втората светска војна е една од најголемите трагедии во светот, сепак има и приказни кои завршуваат со среќен крај.
Додека семејството на Елијаху Пиетруска било растргнато од холокаустот и тој мислел дека е единствениот преживеан, некаде во светот живеел неговиот помал брат. Елијаху избегал од Полска во 1939 година, кога имал 24 години, за Русија и мислел дека никогаш повеќе нема да ги види родителите и помалите браќа мислејќи дека се мртви.
Тој се допишувал со неговиот помлад брат Волф но откако бил испратен во сибирски камп, Елијаху се помирил со тоа дека нема спас за брат му. По војната Елијаху се преселил во Израел и основал семејство. Но и неговиот брат Волф преживеал и основал семејство. Волф починал во 2011 година и оставил аманет на своето семејство да го пронајдат неговиот брат.
Неговото сведоштво било поставено на онлајн база со податоци за жртви од холокаустот. Пред околу две години, внукот на Елијаху, Шахар Смородински добил мејл од неговиот братучед од Канада кој „копал“ низ базата со податоци за жртвите од холокаустот и му ја пренел веста дека иако братот на неговиот дедо е мртов, неговиот син Александре има 66 години и е жив. Наскоро Елијаху и Александре се запознале во Израел и големото семејство се споило.