103-годишната баба одлучи на свој начин да ја прослави победата над коронавирусот

103-годишна прабаба славеше откако го победи коронавирусот. Џени Стејна семејството ја опишува како жена со „жесток дух“. Иако за нејзината возраст секогаш била во добро здравје Џени се заразила со коронавирусот во домот за стари лица кде престојува во Вилбрам, Масачусетс, пред три седмици. Семејството губело надеж дека Џени ќе ја преживее оваа битка.

Семејството дури дошло и да се прости од неа, а кога внукот Ален ја прашал дали е подготвена да оди во рајот таа му одговорила: „По ѓаволите, да!“. Сепак оваа „желба“ нема да ѝ се исполни уште некое време затоа што од 13 мај нејзината состојба почнала да се подобрува.

Така кога целосно се опоравила Џени одлучила да се почасти со ладно пиво. Супер-бабичката си го испила целото шише и била прилично среќна што ѝ избегала на смртта. Нејзиниот сопруг Теди, со кого се омажила во 1938 година починал во 1992 година на 82-годишна возраст.