104-годишна баба за прв пат во животот отиде на лов и си однесе дома прилично добар улов
Сите би помислиле дека кога ќе доживеете неверојатни 104 години како Флоренс Тетерс преостанатите моменти би ги поминале плетејќи и пиејќи добар чај. Но, оваа баба од Висконсин, САД е прилично голем авантурист. Таа ја носи титулата за најстара личност која добила дозвола за лов и успеала да убие елен на првиот ден.
Мајката на пет деца очигледно се заинтересирала за лов откако го видела нејзиниот син како пукал во округот Прајс минатата година. Така Флоренс решила и самата да аплицира за дозволата пред сезоната за лов на елени. На својот прв лов отишла заедно со нејзиниот син Бил.
Бил раскажува како неговата 104-годишна мајка го убила животното: „Ја однесов мајка ми на лов оваа година. Имав убав стол за неа и беше топло и убаво. Одеднаш околу 4 часот попладне на 30 метри од нас се појави елен. Ја допрев по коленото и ѝ го посочив. Таа климна се насмеа и беше многу тивка. Тогаш пукаше! Таа сакаше да оди на лов затоа што сакаше да го доживее делот да биде на фронтот со момците. На неа ѝ се допаѓа да биде во шумата.“
Одделот за природни ресурси во Висконсин оттогаш ѝ посвети Фејсбук објава на Флоренс како најстаро лице кое добило лиценца и имало успешен лов. Без оглед какви и да се вашите лични ставови за ловот несомнено е дека Флоренс е прилично неверојатна жена чија приказна докажува дека никогаш не е доцна за откривање на скриени таленти.