106-годишник си го врати светскиот рекорд за најстар човек кој скокнал со падобран: „Поспособни сте отколку што мислите!“

Еден 106-годишен дедо од Тексас ја врати титулата најстар човек на светот кој скокал со падобран, според Гинисовата книга на рекорди.

 

 

 

Алфред „Ал“ Блашке првпат го заработи рекордот во 2020 година на 103-годишна возраст, кога скокна со падобран за да го одбележи дипломирањето на факултетот на неговите внуци близнаци.
„Тоа беше мојот сон…“, изјави тој за книгата на рекорди во тоа време.

 

 

 

Меѓутоа, во 2022 година, Рут Линеа Ингегер Ларсон, Швеѓанка која имаше 103 години и 259 дена, му ја зеде титулата, па тој вети дека ќе ја врати – и го направи токму тоа во ноември.
Блашке имал 106 години и 327 дена кога го постигнал импресивниот подвиг, „нуркајќи“ во воздухот на надморска височина од 2700 метри заедно со Грег Абот, гувернерот на Тексас.

Абот го запознал старецот кога го направил својот прв рекорд и ветил дека ќе учествува во неговиот следен обид.

„Ако мислите дека не можете, само се потценувате себеси“, им рече Блашке на собраните, вклучително и неговите деца, внуци и претставници на медиумите.
„Секој е поспособен отколку што мисли. Само треба да донесете одлука“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *