11 деца со чисти срца кои ни ја враќаат надежта во човештвото
Иако можеби мислиме дека децата не можат да разберат што е љубезност, истражувањата покажуваат дека способностите неопходни за развивање во пристојни и чесни возрасни луѓе се утврдени во првите неколку години од животот. Бебињата почнуваат да покажуваат емпатија уште на 6 месеци. Знаејќи го ова, имаме статија за вас и за децата кои докажаа дека љубовта и сочувството можат да траат вечно.
1.
Ќерка ми цел викенд учи Корејски на „Дуолинго“, а јас не знаев зошто. На крајот на викендот ми кажа дека во класот имало ново девојче коешто збори само Корејски, па таа сакала да научи нешто за да се спријателат.
2.
Влегов на родителска средба. Наставникот рече: „Морам да ти кажам нешто. Знаете, таа е онаа со која сите деца сакаат да се дружат. Има едно момче во класот…“ (О, те молам не ми кажувај дека таа е злобната девојка).. Тоа дете е аутистично…“ „ Таа одлучи дека му треба пријател. Таа побара да седне до него на неговата маса. Таа го натера целото одделение да ги приспособи своите игри за тој да може да игра со нив“. Наставникот почна да плаче. Ако не направи ништо друго, барем променила еден живот.
3.
„Мојата ќерка има 3 години, а синот 5. До пред некое време спиеја заедно во иста соба, но сега секој од нив си доби посебна. Една вечер одам да ги проверам и има што да видам. Во собата на ќерка ми седи и син ми и ја теши со зборовите: „Знам дека ти е тешко да спиеш сама, но не грижи се, јас сум тука, а и наското ќе биде утро“.
4.
Денес за прв пат моето девојче виде девојче без коса. Откако ме праша зошто нема коса и откако и одговорив, веднаш посака да одиме на фризер, за да се ишиша и да и подари малку од својата коса.
„Здраво, јас сум Алана и имам 3 години. Денес за прв пат ќе си ја ишишам косата, за друго девојче да може да има коса“.
5.
Вчера беше 6-тиот роденден на мојата ќерка. Нејзина желба беше да се нахранат сите сиромшни луѓе.
6.
Мојот 14 годишен син почна да припрема баш големи оброци за на училиште. Го прашав зошто го прави тоа, дали навистина толку јаде. Но, неговиот одговор ме разнежни. Во училиштето имало дете кое ретко носело оброк од дома, па затоа мојот син секој ден припрема по 2 оброци за да јаде со него.
7.
„Моите мали братучеди си помагаат еден на друг, во најтешките ситуации“.
8.
„Моето 2 годишно девојче ги лечи „раните“ на овој диносаурус“.
9.
„Моето дете сака да гушка други деца, што не ни ги познава. Душа моја!“
10.
„Ќерка ми одлучи да ги продаде своите плишани мечиња и да ги донира парите“.
11.
„Имаме две ќерка. Постарата е аутистична и понекогаш е тешко да се справи човек со неа. Но, нејзината помала сестра е секогаш толку трпелива кон неа, подобро се справува дури и од мене и маж ми. Таа е навистина една прекрасна душа“.
Коментирај анонимно