11-годишен рибар фати џиновски крап и го собори светскиот рекорд
Ученикот Калум Петит од Ешфорд, Велика Британија, со својот 40-годишен татко Стјуарт на риболов во францускиот град Ремс. Таткото и синот резервирале патување уште во 2020 година, но поради пандемијата, морале да го одложат патувањето.
Кога сега конечно се реализирал долгоочекуваниот риболов во странство, се случило чудо. Момчето ловело со мамец со вкус на пита од банана, кога наеднаш нешто огромно загризало. Но, никој не очекувал дека ќе извлече риба само два килограми полесна од рибарот.
Бидејќи водата била матна, ниту момчето ниту неговиот татко прво не сфатиле колку е огромен уловот. Дури кога Стјуарт решил да ја стави рибата во мрежата, сфатил дека е еден од најголемите крапови во Европа. Крапот тежел неверојатни 43,5 килограми, што е светски рекорд за млади рибари, а борбата на 11 годишното момче и крапот траела дури 20 минути.
Други рибари се собрале да го гледаат неговиот улов. Рибата го добила прекарот Голема девојка. Калум е љубител на риболов уште од раното детство. Неговата претходна најголема риба била крап кој тежел 13 килограми.