11-годишно девојче „растури“ на тапани откако беше покането да настапува со бендот „Фу Фајтерс“

11-годишната Нанди Бушел беше етикетирана како „сензација на тапани“ откако нејзините соништа се остварија и конечно ја сподели сцената со Фу Фајтерс, кои настапуваа во Лос Анџелес, САД.

Настапот на Бушел беше резултат на видеата на 11-годишното девојче на кои таа свири познати песни на тапани. Видеата станаа интернет сензација и се прегледувани по милион пати.

На 26 август, Грол објави видео од настапот и сподели:

„Оваа личност многу ме инспирираше минатата година. Бидејќи во тоа време, кога ќе го вклучев телефонот или компјутерот, гледав само лоши вести, се додека не наидов на Бушел“.

„Создаваме музика заедно и шириме радост и љубов низ целиот свет. Дами и господа, ве молиме да ја поздравите најдобрата тапанарка во светот и мојата нова пријателка, Надин“.