11 луѓе кои пораснале сиромашни ги откриваат работите што никогаш нема да ги заборават иако сега се богати
Во текот на животот, а особено во детството, многумина од нас сонуваат за работи кои од економски причини не можеме да си ги дозволиме и ги гледаме како недостижен луксуз. Меѓутоа, како што растеме, учиме дека околностите се менуваат за секој човек и дека можеби тие работи не биле толку скапи за некои, туку биле за нашите родители. Ниту, пак, треба да заборавиме дека како што понекогаш копнееме по имотот на другите, има и такви кои на нашето гледаат како на луксуз. Мора да научиме да го цениме она што го имаме.
Собравме сведоштва од луѓе за кои едноставните работи како купување сладолед изгледаа недостижни кога беа деца.
1.
Да јадеш пица затоа што ти се јаде, а не затоа што чини 2 долари. И нормално мама никогаш не јадеше, затоа што се пеправаше дека и се омилени корките што ги оставаме.
2.
Се сеќавам дека имав 12 или нешто слично и тато ме одведе мене и мојот помал брат во оние ресторани кај што си плаќаш симболична сума и имаш шведска маса. Но тој не плати за себе, затоа што рече дека не сака пица и дека не е гладен. Како и да е му понудив парче и тој го изеде. Еден од работниците дошол и му рекол дека мора да плати и за него ако сака да јаде. Претпоставувам дека луѓето што седеа на масата до нас слушнаа и неколку минути подоцна вработената дојде кај нас и му кажа на татко ми дека платиле за него. Тогаш сфатив дека ги немаме сите пари на светот и не дека не е гладен, едноставно не сакаше да „троши пари“ на себе.

3.
Бевме сиромашни едно време. На пример јас и жена ми ќе имаме 100 долари за храна и бензин за месецот. Моравме да го балансираме возењето премногу или каква храна ќе јадеме. Првиот пат кога успеав да го наполнам резервоарот и да купам што сакав да јадам беше најдоброто чувство.
4.
Како дете, секогаш мислев дека двор во задниот дел од куќата значи дека семејството е богато. Еден од моите кошаркарски соиграчи живееше во куќа во која секој имаше своја соба, имаше имаше двор и имаше ходници. Мислев дека се толку богати. Денес ги имам сите тие работи и базен затоа што децата сакаа, а ние можевме да си дозволиме. Научив дека тоа не значи дека сме богати, туку тоа е само удобност. Многу среќен што моите деца имаа подобро детство од мене.
5.
Научив да сакам сендвичи со сирење со кисели краставички бидејќи можевме често можевме да си дозволиме само големо пакување сирење и голема тегла кришки кисели краставички. Мојата канцеларија сега отвори сувомеснат дел на првиот кат каде можете да нарачате секаков сендвич и јас побарав со сирење и кисели краставички. Останатите колеги мислеа дека сум чуден, но готвачот кој го направи тоа разбра.
6.
Да можеш да си купиш нешто што ти треба без да мериш колку навистина ти е потребно.

7.
Ангажирање луѓе или да готват, да чистат, да косат трева. Не се сеќавам дека некогаш сум имала артикли, храна или облека со име на бренд. Сето тоа беше генеричко Kmart. На мојот син му купив пар чевли Најк и мислев дека се чувствувам богато поради тоа.
8.
Да поседуваш автомобил. Татко ми го меморираше распоредот на градскиот автобус. На крајот ги запознавме возачите на автобусот. Кога работев во самопослуга, возачот ме чекаше на автобуската станица ако доцнев неколку минути.

9.
Мојот роден град има штанд за сладолед кој е прилично популарен и многу познат. Кога бев дете, НИКОГАШ не одевме затоа што беше прескапо, според татко ми. Во средно училиште, мојот крос-кантри тренер го однесе целиот тим на сладолед. Мислев дека таа сметка мора да биде стотици долари… Како возрасен, почнав да одам таму и дознав дека корнетите за сладолед се од 1 до 2 долари. Во моето семејство сме само 4 лица.
10.
Пред некое време ми се расипа миркобрановата. Сфатив дека не загрева ништо. Едноставно ја фрлив и отидов си купив нова. Земав момент да се заблагодарам дека можам да го направам тоа.
11.
Има реплика од Ник во „Новата девојка “ која опишува дека си добро ситуиран како „ако можеш да го наполниш резервоарот до крај“. Тоа беше богатиот што сакав да бидам. Исто така, не мора да правите математика во самопослуга за да видите каква храна можете да купите. Го мразев тоа. Сакав само да одам да купам неопходни работи како бензин и храна без да се грижам. Гордо можам да кажам дека сега обично го полнам резервоарот за бензин до крај и не ја правам математиката кога купувам намирници.

Коментирај анонимно