11 жени кои станаа мајки по 40 години откриваат зошто чекале толку и зошто е подобро да се почека

Иако имањето деца кога сте постари може да изгледа застрашувачки, тоа доаѓа со свои уникатни придобивки. Кога имате повеќе воспоставена кариера и подобро разбирање на она што го сакате во животот, вие сте подобро опремени да се справите со сите подеми и падови на родителството. Хероите од овој напис одбиваат да дозволат возраста да ги спречи да основаат или да ги прошират своите семејства, и тие беа среќни да ги споделат своите размислувања за тоа зошто имањето деца после 40-та може да биде уште подобро отколку во вашите 20-ти.

 

1.

Ја родив ќерка ми на 40. За мене тоа е најдобриот период. Многу сум посмирена сега и годините направија да бидам подобар родител.

2.

Мајка ми роди две деца (една година разлика) кога наполни 43 години. Таа ми вели дека родителството е многу подобро искуство доколку почекаш.

3.

Родив едно на 39 години и едно на 41. Планираме да имаме уште едно дете.

Искрено мислам дека сум подобра мајка поради годините. Го живеев мојот живот исполнето и сега можам среќно да се скротам со моите деца. Многу сум среќна дека чекав!

4.

Јас сум 41-годишна мајка со 15 месеци старо бебе. Трпеливоста и смиреноста доаѓа многу полесно кога си повозрасна мајка. Тоа што сум повозрасна дефинитивно прави родителството да биде полесно „возење“.

 

5.

Првото на 34 второто на 40. И додека моето семејство седи и гледа телевизија, јас имам енергија да трчам, да возам велосипед и уживам во разни активности.

Според мене се е до тоа како вие сакате да размислувате. Можете да речете „Оф многу сум уморна затоа што сум постара, а имам бебе“ или можете да речете „Имам многу повеќе енергија затоа што децата ме одржуваат млада!“. Јас го бирам второто.

6.

Го имав третото дете на 38 и четвртото на 42.
Повеќе уживав да поминувам време со моите бебиња во овие години. Можев да ги дојам подолго, имав повеќе енергија и општо имав време за повеќе фокус на бебето и време убаво да се одморам.

7.

Родив 2 девојчиња во моите рани 20-ти. Сега имам 40 години и само што родив уште едно девојче. Морам да признаам дека не бев подготвена да ги имам двете девојчиња толку рано. Бев стресена за финансии и многу други работи и тоа се рефлектираше на моето родителство.

 

8.

Моментално сум бремена со третото дете на 40 години. Сега имаме многу повеќе пари и можности отколку што имавме пред 5 години и повеќе. Тоа значи дека имам можности да платам за часови за вежбање, поздрава храна и слично. На кратко, ако се размислувате дете на 40, јас велам дефинитивно ДА!

9.

Јас имав 40, жена ми 39 и тогаш го имавме нашето прво и единствено дете. Во ниеден момент не се каам за тоа што почекавме.

10.

Го имав моето четврто дете кога имав 46 години. Некогаш сум уморна, да, но искрено животот ми беше многу потежок кога бев помлада. Не сум ништо повеќе уморна од што бев тогаш.

11.

Ќе го родам моето второ на 42 години. Многу жени раѓаат деца кога се постари и иако е потешко за некои работи, исто така е добро да се почека за кога ќе бидете емоционално зрели и финансиски стабилни, што може да потрае.

12.

Забременив на 42. Кога дознав дека сум бремена бев преплашена дека на крајот ќе носиме пелени во исто време со моето бебе, но тоа не се покажа така. Единствен недостаток е дека вие сте најстариот родител во школото и се надевам дека нема да ме помешаат со баба ѝ.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *