12 годишно момче организирало „рејв“ журка во тоалетот во неговото училиште! Фановите го прогласија за ЛЕГЕНДА и му аплаудираат за идејата
„Рејв“ организиран од 12-годишно момче во тоалетите на неговото училиште траел само 30 минути пред наставниците да го откријат, но неговите родители велат дека тој не направил ништо лошо.
Каел Бел го рекламираше андерграунд настанот, одржан на 11 декември, на „Snapchat“ една недела порано.
Списокот на гости вклучувал 8 момчиња од Католичкиот колеџ „Сент Антониј“ во Урмстон, во Трафорд, Манчестер, плус амбициозниот диџеј задолжен за музиката, откако ги шверцувал неговите звучници и другиот диџејски комплет.


Мајката на Каел, фризерката Луиз Бел, од Фликстон, добила телефонски повик од училиштето на нејзиниот син откако рејвот бил откриен и затворен.
Таа вели: „Морав да се смеам. Беше страшна година и не можев да му се налутам на мојот син што се обиде да рашири радост. Кога ми се јавија, тој ми упати една голема насмевка на лицето, па знаев дека има нешто во ракавот. Но, кога слушнав што направил Каел, од рекламирање на рејвот на „Snapchat“ до всушност негово одржување, без вчудоневидена. Во наши очи, тој не направи ништо лошо. Ќе бевме бесни ако наставниците дополнително го опоменаа, наместо само да му ги одземат работите“.

„Музиката е мотивацијата на Каел и не можевме да бидеме лути на него што ја изрази и споделува таа страст. Тоа беше многу инвентивно од него. Дали грешам што го сметам ова смешно?“
„Можеби ќе побарам да ја видам снимката од видеото. Звучи добро. Објавив неколку стари видеа на Каел како диџејува во неговата соба засега за да ви дадам идеја на сите што тој прави“, вели гордата мајка.
Нејзината објава стана вирална и сега е прегледана повеќе од 400.000 пати на „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.

Гледачите го опишаа Каел како „легенда“, а еден фан коментираше: „Ова дете прави повеќе за сцената во Обединетото Кралство од повеќето диџеи и промотери“.
Друг напиша: „Фер-плеј, барем не седел таму да игра „Fortnite“. Ќе заработи некои добри пари кога ќе биде постар, кога ќе пушта музика по клубовите“.

Коментирај анонимно