12-годишно момче знае што точно треба да направи откако почна да го демне голема мечка

Едно 12-годишно момче имаше крајно блиска средба со голема мечка додека се шеташе со семејството во Италија неодамна. Младо момче, Алесандро, шеташе со семејството во Малга Нуова, во регионот Трентино, кога мечката почна да го демне.

Таткото на момчето кој го снима видеото му дава инструкции да остане смирен и полека да се движи кон нив. Алесандро покажа вистинска храброст и успе ада се движи полека и смирено со што мечката изгуби интерес за семејството и си продолжи по патот. Па, зошто овој инцидент се покажа како многу помалку опасен отколку што првично мислевме? Прво, повеќето мечки во нормални околности не ги напаѓаат луѓето. Американската служба за национални паркови наведува дека шансите да бидете повредени од мечка во Националниот парк Јелоустоун се приближно еден во 2,7 милиони. Ова може да се види во начинот на кој мечката постапила кон семејството.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!