12 луѓе кои раскажале нивни срцезатоплувачки приказни на социјалните мрежи и дефинитивно нѐ расплакаа

Сценаристи на ТВ емисии и автори на книги трчаат работат напорно за да дојдат до примамливи приказни и симпатични ликови, а ние обожаваме многу од нивните дела. Сепак, слушањето такви приказни од вистински луѓе е сосема поинакво искуство. Сметаме дека е неверојатно како корисниците на Твитер можат да ги искажат сите свои емоции во само неколку реченици, правејќи нè или да се смееме гласно или да исплачеме некоја солза.

 

1.

„Моето момче собра 5000 долари во рок од неколку месеци, за утре да си купи нов автомобил. Но, она што не го знае е дека тој наместо 5000 долари има 10 000, затоа што јас скришно штедев за него цело ова време. Колку тој, толку и јас“.

 

2.

„Татко ми почина кога имав 8 години. Тој секогаш ми ги врзуваше врвките на лизгалките додека играв хокеј. Откако почина, татковците не некои од другите деца се нудеа да ми ги врзат лизгалките секоја наредна недела и тоа не на наметлив начин, туку скришно, некој од нив ќе дојдеше и ќе го направеше тоа. Тие ја пополнија мојата празнина. Најдете начин и пополнете нечија празнина“.

 

 

 

3.

„Мајка ми се заврте кон мене и ми рече: „Се надевам дека никогаш нема да имам Алцхајмерова болест“. Јас ја прегрнав и ѝ реков: „Ако имаш, јас ќе те чувам и ќе се грижам за тебе“. Таа има Ајцхајмер веќе неколку години“.

 

4.

„Денес откако отидов на мојата нова работа, сфатив дека бирото на коешто ќе работам, го монтирале и местеле одново, откако си заминал човекот пред мене. Го приспособувале затоа што сум во количка. Тоа е инклузија! Тоа е она што лицата со посебни потреби го заслужуваат!“

 

5.

„Мајка ми исецкала овошје и тивко дојде во мојата соба и ми донесе. Без да рече збор само милно се насмевна. Тоа е тоа што ме допира, никој нема да ме сака на тој начин, како таа!“

 

6.

„Работам во ресторан и секој ден служам еден повозрасен пар. Еден ден се осмелив и ги прашав колку години се во брак. Го добив најнеочекуваниот одговор на светот: „Душо, ние не сме маж и жена, ние сме најдобри пријатели. Откако нејзиниот маж и мојата жена починаа, ни есе грижиме еден за друг“.

 

 

7.

„И по 20 години, мајка ми станува секое утро во 4 часот за да му подготви појадок и направи кафе на татко ми, кој рано оди на работа. Тоа е љубов! Таква сопруга сакам да бидам!“

 

8.

„Моето момче секогаш зборува со „ние“ кога и да имам стрес или панични напади, сакајќи да ми даде до знаење дека не сум сама и дека сѐ ќе препродиме: „Ние ќе го надминеме тоа“ или „Ние сме силни, ќе го пребродиме тоа“.

 

9.

„Ми се расипа машината за сушење алишта и многу без нервозна поради тоа. Син ми ме праша што е работата и му кажав. Неколку денови подоцна пакет ми пристигна на вратата. Син ми ја поправил машината користејќи делови од „Амазон“ и гледајќи видеа на „Јутјуб“.

 

10.

„Имав учителка која беше толку посветена на својата работа, буквално живееше за тоа. Еден ден на сред час заплака толку силно и ни призна: „Понекогаш не знам дали ќе го преживеам денот, но доаѓам овде поради вас. Седнувам во автомобилот и го правам ова за вас“. Цел клас не можевме да престанеме да плачеме цел ден…“

 

 

11.

„Една жена дојде во продавницата во која работам и купи огномети во вредност од 300 евра. Не издржав и ја прашав: „О, припремате голема журка со скара во дворот, можеби?“ На што таа одговори: „Не, но син ми има мускулна дистрофија и требаше да почине до 18 години, но денес го прославуваме неговиот 40-ти роденден. Тој многу сака огномети, па ќе имаме навистина голема забава“.

 

12.

„Му направив „Фејсбук“ профил на татко ми и му објаснив како функционира. Тој исто така си купи и нов паметен телефон. Денес го отворив неговиот профил и видов статус „Мојата жена“. Му се јавив да го прашам за што се работи, а тој ми одговори: „Фејсбук“ праша што имам на ум, а ја одговорив „мојата жена“.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *