12 луѓе со големо срце чии дела треба да се учат како посебен предмет во училиште

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се љубезни и сочувствителни гледаат дека нивото на нивната среќа се зголемува, а нивото на стрес се намалува. И во ова денешно време на толкава онлајн омраза, треба да се потсетиме на добрината и што таа носи за секој од нас. Зборуваме и за сите овие прекрасни луѓе во светот кои се трудат да им помогнат на другите. Можеби сè што треба е инспирација и потсетник дека да се биде добар е добро за нашето ментално здравје.

1.

Кога бев тинејџер го продавав велосипедот за 30 долари. Најдов купувач, се договоривме за локација. Одам таму и гледам ме пречекуваат две деца на еден велосипед. Детето што веќе имаше велосипед го купи мојот велосипед за својот другар, за да можат да се возат заедно.

2.

Беше гужва во маркетот и ја прашав една госпоѓа ако може да ми подаде 5 јајца. Таа си зема време и внимателно разгледуваше кои јајца да ми ги одбере и потоа внимателно ги спакува и ми ги подаде. Често мислам на овој акт на љубезност посебно во гужва.

3.

Кога имав 14 години татко ми имаше аневризма. Бев сам дома со него и немавме мобилни телефони па не можев никако да ѝсе јавам на мајка ми. Во болницата чекав и плачев кога одеднаш една жена дојде и ми даде еден куп ситни пари за да го употребам телефонот. Дефинитивно беше ангел.

 

4.

Ја однесов сестра ми, која беше во инвалидска количка, прв пат во кино. На крајот не можев да ги спуштам сопирачките и го блокирав патот. Мислев дека ќе заплачам затоа што бев сигурен дека ги нервирав луѓето околу, но една фина жена дојде и ми помогна да ја изнесеме сестра ми надвор.
Таа рече дека некогаш имала син кој бил во инвалидска количка.
Ова беше многу одамна, но никогаш нема да го заборавам.

5.

Кога имав 9 години се возев во автобус за да стигнам на балет. Еден постар маж седна до мене и почна да ми шепка.
Тогаш една постара жена дојде и ми рече: „Луиз (не се викам така) како е мајка ти?“
Таа остана со мене и ми правеше муабет се до мојата станица и потоа ме испрати.
Спасител.

6.

Бев самохрана мајка и само што ме отпуштија од работа. Имав финансиски проблеми и баш тогаш ми се расипа моторот на автомобилот.
Пријателка на пријателка слушнала за мене и МИ ДАДЕ АВТОМОБИЛ, Форд Ескорт.
Навистина ме спаси.
Никогаш нема да те заборавам Мерилин!

 

Accident on the street

7.

Удрив со моторот во оградата на патот. Ме најдоа едни велосипедисти и се јавија на пријатели со камион да дојдат, ме земаа мене и мојот мотор ме однесоа дома и останаа со мене да видат дали сум добро.
После неколку часа ме однесоа на Ургентно затоа што постојано сум повторувала работи.
Сум имала мал мозочен удар.

8.

Имав многу лошо утро и застанав да си земам кафе. Една жена што чекаше до мене одеднаш почна да ме зјапа во значката со моето име и почна да плаче.
Сум ѝнаправил трансплантација на црниот дроб минатата година, беше многу болна тогаш.
Сега ја имаше средено косата, беше нашминкана и изгледаше фантасично. Не ја ни препознав. Ми ја даде НАЈУБАВАТА прегратка.
Многу си ја сакам работата.

9.

Имав 9 години и чекав автобус. Беше зима и беше смрзнувачка. Имав тенок капут и не носев капа или ракавици. Една жена што возеше покрај автобуската застана и ми даде кебенце. Ме завитка околу главата и рамениците.
Се сеќавам дека и се заблагодарив, но бев збунета и ѝкажав дека јас не знам како да ѝго вратам.Таа ме гушна и ми рече да не се грижам дека си има таа ќебенце.

 

10.

Кога бев 8-ми месец бремена се лизнав на мраз, паднав и се онесвестив.
Кога се освестив сфатив дека околу мене има странци и сите се без капути (ова беше во Канада во Декември).
Одеднаш сфатив дека сите капути беа ставени врз мене освен еден под мојата глава.

11.

Еден период бев без работа, а требаше да ја издржувам мајка ми. Конечно најдов една работа, но работата беше во движење, а јас немав добри чевли кои ќе го издржат сето тоа одење.
Па мајка ми на фесјбук се распраша дали има некој што продава чевли од втора рака.
После еден ден еден љубезен човек се појави кај мене со нови чевли кои ги купил за мене.
Си замина пред воопшто да можам да му се заблагодарам или да му дадам пари.
Плачев.

12.

Работев во Старбакс. Едно утро околу 6:30 дојде клиентка и ја прашав како е. Таа ми рече дека веќе утрото ѝ е хаос, а денот уште не почнал. За да ѝ го разубавам денот ѝ дадов гратис кафе. После неколку дена јас имав ужасно утро. 6:30 а веќе беше хаос. Клиентката повторно дојде и ме праша како сум јас ѝ реков ужасно и во хаос.
После неколку часа, се врати со подарок за мене.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *