12 неверојатни технологии од минатото кои денес изгледаат бизарни

Пред дваесет години, ќе бевте најкул дете доколку имавте Нокиа 3310. Но, времето лета и технолошките иновации се забрзуваат заедно со него. Денес, живееме во свет во кој владеат екраните на допир, препознавање на лице и машинско учење, па замислете каква беше технологијата пред еден век или два. За да откриеме, ве носиме на историски ролеркостер за да видите кои древни технологии ја дефинираа иднината пред сто години.

Алатка за библиотека стара 300 години што му овозможи на истражувачот да отвори седум книги одеднаш (библиотека Палафоксиана, Пуебла)

Џебен часовник стар 350 години, врежан во уникатен колумбиски смарагд

Во 1955 година, овој мал електричен воз бил сместен во тунелот Холанд во Њујорк за да се следи брзината на сообраќајот

Најстариот преживеан костум за нуркање во светот: Стариот господин, од 1860 година

Една британска двојка спие внатре во „Засолништето Морисон“, користено како заштита од уривање на домовите за време на бомбардирањата од Втората светска војна … март 1941 година

Робо-вак, автономна правосмукалка на иднината, приказ на американската национална изложба во Москва 1959 година

Потпретседателот на Моторола, Џон Ф. Мичел, го покажа преносливиот радио телефон Dynatac во Њујорк во 1973 година

Продавач на моторни ролери во Калифорнија, 1961 година

Фотоапарат Кодак К-24, користен за воздушно фотографирање за време на Втора светска од страна на Американците

Железнички цепелин и парен воз во близина на железничката платформа. Берлин, Германија, 1931 година

Советските селани првпат слушаат радио, 1928 година

Старата телефонска кула „Телефонторнет“ во Стокхолм, Шведска, со приближно 5.500 телефонски линии, 1890 година