12 вицкасто-вистинити совети кои го олеснуваат животот

1. Ако незаслужено те навредиле… врати се и заслужи го тоа!
2. Ако одеднаш се најдеш во дупка, првото нешто што треба да направиш е да престанеш да копаш!
3. Како што нè учи Кама Сутра, нема безизлезни положби!
4. Единствениот начин да не јадеш после шест е… да изедеш сè до шест!
5. Потковицата никогаш нема да ти донесе среќа, сè додека не си ја заковеш на копитото и не започнеш да ораш како коњ.
6. Секогаш слушајте се себе си – добрата личност не дава лош совет.
7. Пцуењето не е добро, но понекогаш работите мора да се нарекуваат со нивните вистински имиња.
8. Сакаш да бидеш среќна личност – не рчкај си во твојата меморија!
9. За време на расправија со некој близок, запрашај се: „Дали сакам да бидам во право или среќен?“
10. Сакајте ги сите свои непријатели – тие се вашите најголеми обожаватели.
11. Ако не ти се допаѓа каде си, смени го местото. Ти не си дрво.
12. Не чекај чудо, ти си ЧУДОТО.