13-годишно дете стана најмладиот практикант на Луј Витон откако мајка му ги сподели неговите дизајни на Интернет и ја молеше компанијата да го примат
Во ноември, Луиз Одеса, од Париз, објави слики од скиците на нејзиниот син Милан со надеж дека ќе му обезбеди одредено работно искуство.
Во своите објави, мајката објасни колку очајно сака да ги негува креативните таленти на Милан и знаела дека тој не би сакал да стажира во „било која модна куќа“.
Милан – кој се бори со нарушувања на вниманието – нацртал некои дизајни за патики, торбица и салонки во стилот на Луј Витон, неговата омилена модна куќа.
La Libre известува дека скиците на Милан потоа биле преземени од локално француско издание, кое потоа го привлекло вниманието на Луј Витон. Престижната модна куќа била толку импресионирана од дизајните на Милан што му понудиле стажирање, кое тој го завршил минатата недела.
За време на интервјуто за искуството, Милан рече: „Таму се чувствував поудобно отколку на училиште, по два дена. Навистина се чувствував во мојата заедница. Тоа е магија. За мене тоа е почеток на животот“.
За време на стажирањето, Милан продолжи со своите скици и создаде дизајн на актовка во согласност со креативната визија на брендот.
Луиз во својата оригинална објава напиша: „ПОМОГНЕТЕ Апсолутно морам да најдам стажирање за мојот 13-годишен син Милан…а да не е било која модна куќа… Мојот син има голема страст кон вашиот бренд. Тој е исто така многу добар во Photoshop на графички таблет за неговите креации и планира да се занимава професионално со сето тоа. Можете ли да му дозволите краток еднонеделен курс за набљудување или кажете ми како да постапам, ве молам? На 14 декември му е роденден. Ве молам, ве молам“.
По искуството Луиз повторно се обрати и рече: „Ви благодарам многу за мојот син. Толку сум горда на него. Ве молам, ако ме читате овде… ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ! ВЕРУВАЈТЕ НА СОНИШТАТА! СЕ Е МОЖНО!“
Коментирај анонимно