13-годишно дете заработи 30.000 долари со „Pump & Dump“ на неговиот сопствен криптокоин, но тоа не е крајот на приказната

13-годишен стример познат како „$Kid“, одлучи да го ослободи својот внатрешен Волк од Вол Стрит и да лансира сопствен мем-коин наречен $Quant. Она што следеше беше пренос во живо, кога малиот ги продаде своите 51 милион токени за 128 SOL, заработувајќи околу 30.000 долари за кратко време. Детето реши да ги продаде сите коини што ги има, знаејќи дека тоа ќе предизвика пад на цената и ќе ги остави останатите инвеститори со празни раце. Барем така си мислеше, но ова е крипто светот, во кој често правилата се кршат.

Сега следува забавниот дел

Крипто заедницата, на која не и пречи малку хаос, реши да му го дотера умот на детето, со тоа што ќе му даде да вкуси од кашата што сам ја посолил. Инвеститорите толку многу ја зголемија пазарната вредност на $Quant коинот за брзо време, па нашиот Илон Маск наместо да ги продадеше своите коини, да ги чуваше уште некој ден, ќе имаше точно 2 МИЛИОНИ И 389 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ.

Малиот криптаџија се извини со $SORRY

Меѓутоа, лудостите на момчето не престанаа, бидејќи тој среќно продолжи да создава уште два коини $LUCY и $SORRY. Овој нов трик му донесе уште 103 SOL, вредни 24.000 долари. Не е лошо за 13-годишник кому сè уште му е потребна родителска дозвола за да отвори своја банкарска сметка.

Неговиот идентитет сега е откриен, а неговата мајка е малтретирана на Инстаграм од гневни инвеститори.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *