13 годишно девојче ја воодушеви публиката на „Америка има талент“ со своите вентрилоквистички сподобности. Погледнете за што станува збор!
Не се случува секој ден, вентрилоквистички чин да остави без зборови милион луѓе ширум светот. Вентрилоквист е лице кое знае да зборува на таков начин што гласот изгледа дека доаѓа од друг извор, а не од говорникот. Но, кога таков човек ќе се појави, тоа е обично на „Америка има талент“.
Ана-Марија Марџин имаше само 11 години кога за првпат излезе на сцената на „Романија има талент“ за да ги покаже своите вештини за вентрилоквизам, настап инспириран од видеата на колегата вентрилоквист и шампионот на „Америка има талент“ од 2-та сезона, Тери Фатор.
Користејќи кукли кои ѝ ги направиле нејзините родители, младата изведувачка неуморно го поминала времето во карантин во 2020 година учејќи како да ги оживее, што доведе до тоа да добие „Златно копче“ и на крајот да ја освои целата популација во Романија.
Марџин сега има 13 години и е натпреварувач во оваа сезона на „Америка има талент: Ол-старс“, надевајќи се дека ќе биде крунисана за победник и ќе изведе свое шоу во Вегас, исто како и нејзиниот идол Фатор.
Ракциите од гледачите и од судиите беа емотивни и воодушевувачки.
Пред нејзиниот настап, Марџин сподели како победата на „Романија има талент“ целосно ѝ го променила животот, дозволувајќи ѝ на нејзиното семејство да си дозволи сосема нов дом. Иако нејзината судбина можеби сè уште е нејасна во шоуто, таа веќе направи огромни чекори и собра многу луѓе кои навиваат за неа.
Коментирај анонимно