13-годишното чудо од дете Карим од Нигерија е уметнички гениј
Детето уште од мало многу сакало да црта, а неговите родители го забележале неговиот талент. Момчето го забележал и директорот на локалното училиште за цртање, па така момчето ја надградувало својата вештина. На 13-годишна возраст толку многу се усовршил, што е тешко неговите слики да се разликуваат од фотографија.