13 родители ги признаа белите лаги што им ги кажуваат на своите деца

Веројатно нема никој на светот што никогаш не лажел. Понекогаш, тоа го правиме за да не ги навредиме нашите роднини, особено нашите деца кои не се секогаш подготвени да ја слушнат вистината од нивните родители.

Ние најдовме некои паметни мајки и татковци кои неверојатно добро ги излажале своите деца.

 

1.

На родителите им е дозволено да бидат хипокрити. На пример, им кажувам на моите деца дека е погрешно да се лаже и дека песната „Baby Shark“ беше уништена во пожар во Интернет фабриката.

2.

Сакав само 5 минути мир за да го испијам кафето па го пратив син ми во другата соба да ја бара играчката што беше во мојот џеб.

3.

Чудно е како им викаме на децата да не лажат и после тоа им кажуваме колку е убав цртежот што го нацртале.

 

 

4.

Од сите лаги што им ги кажувам на децата, „Можам да видам и од тука“ е мојата омилена.

5.

Мојот син мисли дека мора да го обезбедиш стомакот прво со здрава храна, за да не се разболиш кога ќе јадеш нездрава.

6.

Ако син ми сака да гледа од цртаните што ме иритираат и не можам да ги толерирам, му кажувам дека главниот лик спие во моментот.

 

 

7.

Извини сине. Не прават веќе батерии за таа играчка. Претпоставувам ќе треба да ја фрлиме.

8.

Моите деца мислат дека самовилата е алергична на прашина и нема да дојде доколку нивната соба не е супер чиста.

9.

„Кога ќе бидеш возрасен ќе можеш да правиш што сакаш“ – и други лаги што им ги кажувам на моите деца.

10.

Од сите лаги што им ги кажувам на моите деца, „Пробај, ова се палачинки од цвекло, превкусни се!“ е најверојатно најзлобната.

 

 

11.

Ја убедив ќерка ми дека има игра што се вика „Стави го тато да спие“ каде што она се преправа дека ме става во кревет и јас спијам. Тоа е најверојатно моето најголемо достигнување како родител на кое што сум многу горд.

12.

Тато не слуша кога е темница. Викни ја мама ако се разбудиш сред ноќ. Тоа всушност делуваше се додека сопругата не дозна…

13.

„Ќе легнам и ќе ги затворам очите на секунда“ и други лаги кои им ги кажувам на моите деца..

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *