13 совети за здравјето од таткото на медицината, Хипократ, напишани пред 2400 години, а важат и ден денес

Хипократ бил најголемиот лекар од антиката, и се сметал за една од најважните фигури во областа на медицината. Заклетвата на Хипократ се поврзува со неговото име.

Хипократ од Кос II, 460 П.Н.Е. – 370 П.Н.Е., бил доктор кој живеел во добата на Перикле. Заради неговите огромни допринеси во полето на медицина, Хипократ се смета за „татко на медицината“. Хипократската школа ја дефинирала медицината како засебна дисциплина.

Хипократ и неговите следбеници го создале Хипократскиот Корпус, збирка на тогашните целокупни познавања поврзани со медицината и дефинирала морален код според кој докторите треба да живеаат и работат.

Една од неговите најпознати мудрости е „Уметноста е вечна, а животот е краток“.

Еве уште 13 совети од Хипократ:

1. Елиминирајте ја причината – тогаш болеста ќе исчезне.

2. Брак – тоа е треска која започнува со топлина и завршува со студ.

3. Лекарот лечи, но природата ќе те излечи.

4. Младиот дух го спасува разрушеното тело.

5. Некои пациенти, не разбирајќи во својата свест, оздравуваат само затоа што се сигурни во мајсторството на лекарот.

6. Лекувањето е дело на времето, но понекогаш е и дело на можноста.

7. Нека вашата храна биде вашиот лек и вашиот доктор.

8. Душата на човекот се развива до неговиот последен здив.

9. Работата е неопходна за здравјето.

10. Животот е премногу краток за да научите некоја професија.

11. Постојат две работи: наука и предрасуди; науката создава знаење, а предрасудите создаваат незнаење.

12. Тоа што не се лечи со лекови се лечи со железо, она што не го лечи железото го лечи огнот, она што не го лечи огнот го лечи смртта.

13. Колку ѕвезди на небото, толку многу скриени тајни во женското срце.