14 фотографии кои докажуваат дека Коби Брајант пред сѐ беше грижлив татко и голем човек

„Најважно од сѐ е да им дадете на сите до знаење дека сте тука и дека постоите.“, ова се зборовите на Коби Брајант кој нѐ потсетува колку е важно да го цениме животот и сѐ што тој ни пружа. Освен НБА легендата семејството Брајант уште повеќе се зацрни бидејќи животот го изгуби и 13-годишната ќерка на кошаркарот, Џиана Марија Брајант.

За жал уште едно семејство згасна во оваа несреќа, тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса, која воедно била и соиграчка на Џиана.

Сега кога луѓето ги гледаат фотографиите на Коби вистински сфаќаат дека освен што беше легенда во НБА, спортист и позната личност тој пред сѐ беше неверојатен татко. Неговата 13-годишна ќерка Џиана подеднакво ја сакаше кошарката и освен што напорно тренираше за да го наследи својот татко исто така ги користеше сите моменти со него за да ја споделат нивната заедничка љубов кон кошарката.

Семејството е најважно од сѐ на светот, сѐ друго е заменливо, а Коби секогаш ги ставаше своите најблиски како приоритет. Иако е легенда, тој е сепак едноставен семеен човек кој уживаше во секој момент со своите најмили. Тој исто така беше голем хуманитарец и донираше милиони за децата ширум светот. Тој и неговата сопруга Ванеса имаат четири деца, Џиана, Наталија, Бјанка и најмалата Капри. Еве како таткото и ќерката се „бореа“ против светот: