14-годишно девојче пронајдено во шума откако маж што го запознала преку онлајн игри ја искористил за с*ксуални односи
14-годишно девојче било оставено речиси една недела во шума, откако маж, што го запознала преку видео игра, имал сексуален однос со неа, дознал дека е малолетна и ја напуштил таму оставајќи и шатор и основни работи, објавија властите.
Според Канцеларијата на шерифот на округот Сент Чарлс, девојката од Тенеси го запознала 28-годишниот Александар Матерн на 23 декември, кога тој ја земал од нејзиниот дом и ја донел во својот дом во Сент Роуз, Луизијана.
Додека престојувала во неговиот дом, тие имале сексуални односи, по што девојката му признала дека има само 14 години, се наведува во полицискиот извештај.
Матерн потоа ѝ дал шатор, храна и вода и ја оставил сама во дивината на округот Тангипахоа, за потоа да се врати и да го прослави Божиќ со своето семејство, изјавија од Канцеларијата на шерифот.
Откако девојката била исчезната подолг период, нејзиното загрижено семејство дознало за нејзината врска со постариот маж. Семејството контактирало со роднини на Матерн и преку нив успеале да дојдат до информации за тоа каде можеби се наоѓа девојчето.
Шерифските службеници ја прекинале семејната божиќна прослава и го натерале Матерн да покаже каде ја оставил девојката.
Девојката била пронајдена во добра здравствена состојба и веднаш била пренесена во болница за понатамошни прегледи.
Матерн е уапсен и обвинет за придонесување кон деликвенција на малолетник и за отежнато киднапирање на дете.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно