14 годишно момче запиша историја добивајќи ги најголемите патики некогаш, изработени од гигантот „Under Armour“. Погледнете за колкава нога станува збор!

14-годишно момче треба да испише историја со тоа што ќе ги добие најголемите чевли некогаш направени од брендот за спортска облека „Under Armour“.

Ерик Килбурн Јуниор, од Ортонвил, Мичиген , носел чевли со големина 59, но тие биле премногу мали и предизвикувале болни калуси, плускавци и вродени нокти.

 

 

Неговата мајка Ребека (36) неодамна упати молба во обид да помогне да се најдат чевли за неговите стапала, имајќи предвид дека просечната големина на американските машки чевли е 44
Ерик и неговото семејство се сретнале со директорот за развој на обувки на „Under Armour“, Роб Кроп, на 26 март.

За време на сесијата, беше креиран 3Д рендер на стапалата на младиот и беше направен калап за да се осигура дека дизајнерите создале совршено вклопување.

 

 

Во клип на „MLive“ од процесот, Роб го измери стапалото на Ерик и откри: „Ова најголемата нога што сум ја видел досега, тоа е сигурно. Го правам ова околу 30 години и никогаш не сум имал некој со оваа големина“.

Зборувајќи пред камерата, младиот рече дека понудата на „Under Armour“ му „значи се“.

Тој продолжи: „Само да имам чевли кои не ми предизвикуваат плускавци или болки на нозете, би значело многу. Се чувствував прекрасно само што знаев дека ова е првиот чекор во планот за добивање нови чевли“.

Сега ќе се чека од шест до осум недели за она што ќе биде најголемата креација на „Under Armour“ досега.

 

 

Во изјавата за „FEMAIL“, Роб рече: „Откако ја видовме извонредната приказна на Ерик, знаевме дека мораме да помогнеме.

Пума, исто така, сега бара да направи нешто слично за тинејџерот.

„Она што ќе го направиме изгледа и се чувствува како нормален чевел, само со мало дотерување… Ова го правевме и претходно без никаков проблем. 1.500 долари за кој било пар чевли е речиси лудост, не ми е гајле која големина е“.

Ерик, исто така, ќе добие основни патики, кошаркарски патики и фудбалски копачки, додека италијанската компанија „Маури“ нуди изработка на обувки за на училиште и за повеќе свечени прилики.

Обраќајќи се на великодушноста на брендовите претходно, Ребека рече: „Тоа ми ја врати вербата во човештвото. Погодив толку многу мртви точки со луѓе кои се смеат кога се јавувавм да прашам за чевли. Беше многу осамено чувство. И сега сме преплавени со поддршка, дарежливост и добрина“.

Мајката на две деца претходно зборуваше за борбата на семејството да се осигура дека Ерик е соодветно облечен.

„На 14 години тој сè уште расте. Повеќето толку големи и високи деца на оваа возраст имаат ендокрино нарушување, а тој не. Тој нема здравствени проблеми со експоненцијален раст“, ​​изјави таа.

 

 

Ерик претходно рече дека веќе добива многу прашања, а да не ги спомнуваме зјапањата од луѓе вчудоневидени од неговата големина и размислува да има испечатени визит-картички кои ќе им ги дадат на луѓето одговорите на редовните прашања што луѓето сакаат да ги знаат, вклучително и дали игра кошарка – а одговорот е не.

„GoFundMe“ досега има собрано речиси 23.000 долари за семејството, а Ребека, исто така, основаше група на „Facebook“ наречена „Big Shoe Network“ за да им помогне на луѓето да најдат големи чевли за нив и да купат.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *