14 најголеми овошја и зеленчуци во светот коишто беа толку огромни што се најдоа во Гинисовата книга на рекорди
Има многу огромни зеленчуци и овошја кои растат низ целиот свет. Тие воодушевуваат, предизвикуваат желба да се сликате со нив. Таквите плодови стануваат ѕвезди на изложби и фармерски саеми. Денес сакаме да ви покажеме 14 зеленчуци и овошја кои беа забележани во Гинисовата книга на рекорди како најголеми во светот и станаа гордост на оние кои ги одгледуваа.
1. Најголемата јагода на светот, тешка 289 г, се одгледувала во Израел
Неколку плодови се споиле во еден и ја направиле најголемата јагода во светот.
2. Најтешкиот модар патлиџан е одгледан во Велика Британија и тежел 3,12 килограми
Питер Глејзбрук е еден од најискусните производители на џиновски зеленчук, соборил 17 рекорди.
3. Италијанецот Стефано Кутрупи ја одгледал најтешката тиква тешка 1226 килограми
4. Најтешкото манго во светот тежело 4,25 килограми и било одгледано во Колумбија
5. Крис Кент од САД ја одгледа најтешката лубеница тешка 159 килограми
Прво го собори рекордот за најтешка лубеница во 2010 година. И во 2013 година тој порасна уште поголем, чиј рекорд сè уште стои до ден-денес.
6. Брачен пар од Нов Зеланд сосема случајно одгледале компир тежок 7,8 килограми
7. Најтешкиот кромид бил одлгедан во Велика Британија и тежел 8,5 килограми. Колку ли солзи биле пролеани додека се сечел?
8. Питер Глејзбрук од Велика Британија постави рекорд со одгледување на најтешкиот карфиол во светот, тежок 27,48 килограми
Тој го собори сопствениот рекорд од 1999 година одгледувајќи зеленчук кој беше речиси 3 килограми потежок од претходниот.
9. Најголемото авокадо се одгледувало во Хаваи и тежело 2,55 килограми
И претходните два рекорда за најтешко авокадо беа од Хаваи.
10. Најголемото јаболко го одгледал Чисато Ивасаки на неговата фарма со јаболка во Јапонија и тежело 1,849 кг
Најголемото јаболко во споредба со обично јаболко.
11. Најтешкиот морков се одгледувал во САД и тежел 10,17 килограми
12. Даглас Смит одгледал џиновски домат тежок 2,9 кг
13. Најтешкото зрно грозје растело во Велика Британија и тежело 64,83 грама
14. А ова е најтешкиот џекфрут во светот тежок 49,7 килограми
Коментирај анонимно