14 жени ги откриваат своите тајни за да изгледаат прекрасно во секоја возраст
Некои жени изгледаат како да појадуваат, ручаат и вечераат јаболка на младоста. Се прашавме – кои трикови ги користат за да го постигнат овој ефект? Изненадувачки, не сите се потпираат на естетски процедури.
„Почнав да се грижам за себе секој ден – наутро и навечер – и еве како ми се промени лицето по само еден месец.“
„Наутро користам чистач, хијалуронска киселина, витамин Ц, ниацинамид, хидратантна крема и крема со заштитен фактор. Навечер повторно чистам, па ставам пептиди со бакар, третиноин и хидратантна крема.“
„Имам направено две третмани со широкоспектрална светлина и две ласерски дермабразии. И не, немам други интервенции. Ниту филери, ниту операции. Сакате да погодите колку години имам?“
„Направив CO2 ласерски третман. Имам 56 години и почнав да ја навлажнувам кожата пред девет години.“
„Имам 47 години и подочници. Пробав посебен гел од Dr. Brandt и ми се допадна резултатот.“
„Имам 55 години и единственото што правам секој ден е да ставам крема со заштитен фактор и хидратантна крема – наутро и навечер.“
„Никогаш не се грижев за кожата сè додека не наполнив 48 минатата година.
„Почнав редовно да користам козметика и направив неколку третмани. Не можев да верувам колку добро изгледам. Верувај, никогаш не е доцна да започнеш!“
„Имам 46 години. Сериозно започнав со нега на кожа неодамна. Користам ретинол и витамин Ц серум.“
„Имам 47 години и преминав на претежно природна козметика. Изненадена сум од резултатот.“
„Користам дневна крема и навечер ставам рицинусово масло со темјан. Имам 53 години и пресреќна сум со изгледот на мојата кожа.“
„Имам 47 години, а брчките на челото ме излудуваа. Почнав да користам третиноин секоја вечер и еве го резултатот по 6 месеци.“
„Имам 70 години и единствената шминка што ја носам на оваа слика е балзам за усни.“
„Серумот со витамин Ц буквално ми го спаси лицето. Ги видов резултатите по четири недели. Наутро користам слуз од полжав (snail mucin), хијалуронска киселина, витамин Ц, хидратантна крема и крема со заштитен фактор. Навечер користам пилингирачки марамчиња за лице, ретинол А, хидратантна крема и масло од јојоба. Ретинол А ставам секоја втора вечер.“
„Имам 72 години и користам само едноставни чистачи, хидратантни креми и, се разбира, крема со заштитен фактор. А еднаш годишно ставам ботокс по линијата на растот на косата и филери во насолабијалните бразди.“
„На 57 години конечно сфатив што ми треба за совршена кожа. Покрај третиноинот и хијалуронската киселина, открив дека ми одговара и слуз од полжав (snail mucin).“
„Скоро сум на 60. Единствената тајна на мојата нега е крема со заштитен фактор, крема со заштитен фактор… и уште малку крема со заштитен фактор. И носам капи!“
Друго е слика, друго е реалност! Шо би рекол вујко ми (постар искусен шизик), за да видиш како навистина изгледа жената, треба да ја „опулиш“ – насабајле ненашминкана!
Коментирај анонимно