15 годишна девојка од Берлин избегала од дома и сега полицијата не може да ја најде затоа што сите фотографии ѝ се вакви, со филтри и фотомонтажи
Откако мајката на 15-годишната Миријам од Берлин пријавила дека нејзината ќерка е исчезната, таа немала други фотографии освен тие од инстаграм профилот на девојката. Но се испоставило дека фотографиите на инстаграмџиката се со толку многу филтри и фотошоп што никој не може да ја препознае во реалниот живот.
Различна боја на коса, контактни леќи, лажни облини, лажни усни, односно речиси сè што гледате на фотографијата не е вистинско.
Откако девојката дознала дека полицијата ја бара, се јавила дома, им кажала на родителите дека сè е во ред со неа и дека живее со својот дечко.


