15 најскапи производи во светот за 2025 – Некои чинат повеќе од куќа… по грам!
Од тартуфи до антиматерија – ова се најскапите работи што можете да ги поседувате… или само да ги замислите.
Содржина:
Шафран – $5.040 / 0,5 кг
За само еден грам, треба да се наберат 150 цветови со рака. Цел рачн труд на цело поле за една кесичка. Затоа е и познат како „црвено злато“.
Кавијар од белуга – $1.000 / 28 г
Се добива од албино белуга стара над 100 години. Ретки риби, уште поретки јајца – и со цена што ги надминува дури и најдобрите вина.
Crème de la Mer – $2.000 / 30 г
Крем создаден од NASA за изгореници, денес синоним за луксузна нега. Обожуван од славни личности, ветува регенерација и младост… ако верувате.
Метали што чинат повеќе од некои станови (Злато, Платина, Родиум)

Платина
• Злато – $38,81 / г: стабилна вредност, клучно во електрониката.
• Родиум – $1.270 / 28 г: главна компонента во еколошки мотори.
• Платина – $1.365 / 28 г: клучна за медицина и хемија.

Злато

Родиум
Дијаманти и Таафет

Таафет
• Дијамант – $65.000 / г: класика во луксузот, реткост + убавина.
• Таафет – $20.000 / карат: малку познат, но многу поредок од дијамантот. Има комплексна боја и е тежок за сечење.

Дијаманти
Рог од носорог – $25.000 / 450 г
Порано верувале дека лечи сè, денес симбол на реткост.Цената расте поради шверцот – а носорозите сè помалку ги има.
Бели тартуфи – $2.000 / 0,5 кг
Растат само кратко, не се складираат, а вкусот им е како ништо друго. Се продаваат само на аукции и веднаш се трошат – гурманскиот златен стандард.
Пеинит, Калифорниум-252, Тритиум

Пеинит
• Пеинит – $600.000 / карат: најреткиот камен на Земјата, откриен случајно во Мјанмар.
• Калифорниум-252 – $27 милиони / г: радиоактивен елемент, користен во научни истражувања.
• Тритиум – $30.000 / г: радиоактивен изотоп за осветлување часовници и знаци.

Тритиум

Калифорниум
Плутониум и Антиматерија

Платониум
• Плутониум – $4.000 / г: основа за нуклеарна енергија и медицина.
• Антиматерија – $100 трилиони / г: теоретска, но најскапа – би можела да реши енергетска криза… ако некогаш ја направиме.

Антиматерија
Коментирај анонимно