15 прашања на кои треба да го знаеме одговорот во триесеттите
Многумина ќе се согласат дека триесеттите се пресвртница. Дотогаш веќе направивме некои грешки, донесовме некои приватни и деловни одлуки и се чини дека е време за првиот мини „инвентар“ на животот.
Дваесетите се години на експериментирање, испрашување, поставување прашања, но во триесеттите, сите веќе треба да знаеме некои одговори.
Сè уште сме млади и на врвот на нашите сили, учиме, напредуваме, но за разлика од дваесеттите сме посамоуверени, посигурни, го најдовме она што нѐ води и нѐ прави среќни и откривме лажни пријатели и предизвикувачи на стрес.
1. Дали го живеам животот што го сакам?
Во нашите дваесетти сонувавме, а во триесеттите веќе можеме да заклучиме дали го живееме животот што го посакувавме.
2. Дали сакам да ја работам оваа работа за 10 години?
И додека сите експериментираме со работни места во нашите дваесетти години, сфаќаме дали уживаме во нашата работа и дали сме се нашле во неа?
3. Што нѐ прави среќни?
Тоа се години кога знаеме што сакаме, а што не. Во што уживаме и што ни предизвикува стрес.
4. Дали сакам семејство или не?
Никогаш не е доцна за ова, но ова се години кога повеќето луѓе сфаќаат што (не) сакаат во приватниот живот.
5. Дали е ова градот во кој сакам да живеам?
Ако досега не сте се запрашале, ова се сигурно години кога се прават пресврти и го знаеме одговорот дали некој град ни е по волја или не. Веројатно имаме и визија за тоа во кој град би можеле да живееме.
6. Кој беше најсреќниот момент во мојот живот досега?
Иако не очекуваат уште многу прекрасни моменти, до триесеттите сите доживеале барем еден момент на апсолутна среќа.
7. Дали сум добра ќерка / добар син?
Во овој период почнуваме да ги почитуваме нашите родители, не треба повеќе да има бунт, почнуваме да разбираме некои нивни постапки и треба да бидеме свесни дали сме доволно добри кон нив и да им дадеме доверба дека можат да се потпрат на нас.
8. Дали сум под влијание на мислењата на другите?
Иако сме свесни дека мислењата на некои луѓе секогаш ќе ни значат, и дека ќе го обликуваат нашето однесување и ќе влијаат на нашите чувства, мислењата на другите требаше одамна да престанат да влијаат на нас.
9. Дали треба да се чувствувам виновен што „исчистив“ некои луѓе од мојот живот?
Повеќето од нас научија дека без каење едноставно треба да се оттргнеме од луѓето кои се „правосмукалки“ на добра енергија и кои имаат лошо влијание врз нас.
10. Кои се пријателите без кои не можам да живеам?
Откако веројатно сите ние на оваа возраст ја направивме првата „ревизија“ на пријателствата, сигурно знаеме кои се нашите пријатели без кои не можеме да живееме.
11. Дали посветувам доволно внимание на моето тело?
Во овие години сите бараме решенија, не повеќе да изгледаме попривлечно, туку уште поважно да се чувствуваме подобро и да бидеме поздрави. Знаеме дека грижата за телото е инвестиција во здрава иднина.
12. Дали знам како да се залагам за себе?
Самодовербата што доаѓа со годините ни дава сила да го кренеме гласот и да се залагаме за себе.
13. Дали е доцна за промена?
Сега дефинитивно знаеме дека никогаш не е доцна за нови предизвици, промени и нови искуства, особено кога сме на своевиден врв на силата.
14. Дали по секоја цена ми треба некој во мојот живот?
Знаеме што можеме да толерираме, а што не и дали е подобро за нас да бидеме сами или во врска. Но, свесни сме и што бараме кај партнерот.
15. Дали е тој/таа личноста со која сакам да го поминам целиот живот?
Ако сте со личност за која се надевате дека ќе се промени и прилагоди, време е да продолжите понатаму. Ако одговорот е да, веројатно сте нашле сродна душа.