15 реченици што ја имаат моќта да ви го променат животот
Нема ништо посебно како моментот на пресврт – онаа реченица што целосно го менува начинот на кој гледате на некоја ситуација или однос. Таквите реченици можат да ослободат од страв, заглавеност или вознемиреност и да отворат нов простор за раст и промена.
Еден корисник на Reddit постави прашање на форумот „Confession“: „Која е таа една реченица што целосно ти го смени животот?“ Над 1.000 луѓе споделија реченици кои ги слушнале во вистински момент и кои им помогнале да излезат од тешки состојби. Еве некои од речениците што засекогаш го смениле животот на луѓето:
„Понекогаш, кога си на „темно место“, мислиш дека си закопан – но всушност си засаден.“
Ова е варијација на старата поговорка: „Мислеа дека не закопале, ама не знаеле дека сме семиња“.
„Никогаш не се обидувај да мразиш некого; тие често не се грижат, а ти го носиш целиот товар“.
„Имаше ли лош ден или само лоши пет минути што ги остави да ти го уништат целиот ден?“
„Луѓето лесно прифаќаат дека мала промена во минатото може да ја смени сегашноста, но одбиваат да прифатат дека мала акција денес може да го смени иднината“.
„Не се пали себеси за да ги стоплиш другите“
„Те сакам доволно за да ти дозволам да ме мразиш.“
„Никогаш не прекршувај два закони одеднаш – така привлекуваш внимание“.
„Ништо нема да се промени ако не почнеш да правиш работи поинаку“.
„Живеј добро – тоа е најдобрата одмазда“.
„Не дозволувај совршеното да биде непријател на доволно доброто“.
„Прифаќањето е одговорот“.
„Никогаш не знаеш низ што поминува некој – секогаш биди љубезен“.
„Десно затегнуваш, лево олабавуваш“.
„Цената на одложувањето е животот што можеш да го живееш“.
„Нека денес биде денот кога ќе ја научиш убавината на препуштањето и моќта на продолжувањето понатаму“.
Коментирај анонимно