155 см и помалку: 10-те најниски познати дами кои се „губат“ во друштво на високи луѓе
Поранешниот пар, американската актерка Хајден Панетиер и украинскиот боксер Владимир Кличко делат разлика од дури 45 сантиметри во висина. Со своите 153 сантиметри висина, Хејден е една од најниските славни жени, а уште пониски од неа се Пола Абдул и Џејда Пинкет Смит.
Лејди Гага вешто ја „крие“ својата висина од 155 сантиметри носејќи екстремно високи платформи и потпетици, а славната пејачка речиси е невозможно да се види во рамни чевли.
Во семејството Кардашијан никој не е особено висок, освен Клои Кардашијан, која се издвојува од останатите сестри со висина од 177 сантиметри. Најниска е Кортни Кардашијан, која е висока 152 сантиметри, а исто така сака да носи што повеќе потпетици за да ја издолжи фигурата.
Во фотогалеријата погледнете десет мали славни дами кои со 155 см или помалку се меѓу најниските жени во светот на забавата.
Лејди Гага (155 сантиметри)
Пола Абдул (152 сантиметри)
Хајден Панетиер (153 сантиметри)
Кортни Кардашијан (152 сантиметри)
Џејда Пинкет Смит (151 см)
Аријана Гранде (153 сантиметри)
Кристен Бел (155 сантиметри)
Чандра Вилсон (152 сантиметри)
Кајли Миног (152 сантиметри)
Никол Ричи (155 сантиметри)