16-годишно девојче го лажирало своето киднапирање само за да не се врати во родната земја
Се крена вистинска паника во Бронкс откако 16-годишно девојче беше киднапирано од 4-ца мажи пред очите на нејзината мајка.
Вознемирените родители веднаш пријавиле во полиција и потрагата за девојчето започнала. Но, она што изгледало како сосема суров чин од непознати сторители всушност бил план на тинејџерката.
Карол Санчез била пронајдена неповредена вчера во вечерните часови и била однесена во полициската станица. Девојката признала дека таа самата си го организирала сопственото киднапирање затоа што не била среќна. Девојката ангажирала 4-ца пријатели да ја „киднапираат“ пред очите на нејзината мајка за да биде поубедливо.
Нејзините родители разговарале дека сакаат да се вратат во нивната родна земја Хондурас, но Карол не сакала да го направи тоа, туку сакала да остане во САД и мислела дека киднапирањето е најсоодветно решение.
На безбедносните камери се гледа како „киднаперите“ го грабнуваат девојчето и го ставаат во автомобил откако ја турнале нејзината мајка на земја. Семејството живее во Дачес Каунти, Њујорк, но биле на лекарски преглед во Бронкс.
Полицијата веднаш издала Амбер тревога ги објавиле снимките од камерите и понудиле 2.500 долари за било какви информации. Родителите на девојчето исто така биле скршени.
По „претставата“ која ја подготвила девојката полицијата планира да разговара со сите кои биле вмешани во планот и дури тогаш да одлучат кој, како и дали воопшто некој ќе одговара за направеното.