16 храбри жени првин самите се нашминкаа, а потоа истото го направи професионалец! Која верзија од нив е подобра?

Шминкерката Јулија Исмаилова не прави трансформации со „вау ефект“. Она што нејзините туторијали ги прави интересни е тоа што своите клиентки првин ги тера самите да се нашминкаат, а потоа таа ги шминка. Девојките ги изразуваат своите идеи, врз основа на кои шминкерката ја прилагодува нивната шминка.

Поентата во шминкањето на Јулија е да се истакне убавината на жената, а не да се менува целосно личниот опис. Сепак таа докажува дека и малите промени можат да донесат сосема нов изглед на една личност доколку се постават правилно.