16 пати сопствениците на мали бизниси успеаја да ги „разнежнат“ и освојат купувачите со нивните идеи и трикови
Сите биле купувачи. И сите знаат дека лошата услуга може да ви го уништи целиот ден. Затоа некои компании се трудат максимално да направат нивните клиенти да се чувствуваат подобро. И корисниците на Интернет споделија неколку интересни примери од тие обиди.
1. „Овој излог користи различно затемнети стакла за да ви покаже како јакната изгледа во сите достапни бои“

2. „Во локалниот маркет се нуди бесплатна ужинка за деца, додека нивните родители купуваат“

3. „Отидов во фабрика за сложувалка и тие го имаа овој ѕид на срам. Имено, доколку како корисник им испратите фотографија од виновникот за изеденото делче од сложувалката, тие ќе ви пратат ново, но и виновникот ќе го објават овде“

4. „Вака функционираат генерално многу угостителски објекти во Јапонија“

5. „Овој хотел прави прасиња и нилски коњи од пешкирите во собите“

6. „Оваа цвеќарница продава букети од јаболка“

7. „Во „Старбакс“ во Турција со кафето можете да добиете и локум“

8. „Во хотелот во кој престојуваме добивате и риба- милениче во вашата соба“

9. „Секој тоалет треба да има бесплатни влошки, тампони и пелени за гостите“

10. „Кога возовите ќе се откажат во Данска, се возите во автобус, но добивате и бесплатна вода и чоколадо“

11. „Во локалната книжарница има „мистериозни книги“, без наслов, само темата што ја обработуваат“

12. „Во мојот хотел во Швајцарија има различни приклучоци за гости од целиот свет, кои користат различни полначи“

13. „Во ова кафуле можете да ставите ваков шлем доколку сакате да седите пред зградата на отворено“

14. „Во Никарагва во оваа берберница можете да играте видео игра, додека чекате ред за шишање“

15. „Во овој јапонски ресторан можете и да си ја измиете устата со течност за миење“

16. „Во овој музички хотел имате гитара во секоја соба, за љубителите на свирењето“


Коментирај анонимно