18 најинтересни откритија низ светот, меѓу кои е и мозаикот од Кутлеш

Животот е полн со авантури – потребна е само малку храброст и љубопитност за да се отклучи вратата што води до чудење и искуства за кои ќе им кажувате на вашите пријатели со децении. Се разбира, зборуваме за патување и за сите прекрасни работи што можете да ги видите кога ќе ја оставите вашата дневна мака настрана и ќе одите таму каде што ќе ве одведат нозете (и вашите авионски билети).

Скролајте надолу за ние да ве однесеме на мини патување низ фотографии кои носат неверојатни приказни.

1. „Народното село“

На југозападниот крај на Корејскиот полуостров постои „народно село“ во кое жителите го задржуваат начинот на живот од минатото.

2. Манастирот Сакја.

Библиотеката е откриена во Тибет зад огромен ѕид. Содржи 84.000 тајни ракописи, кои ја вклучуваат историјата на човештвото стара над 1000 години.

3. Јапонците произведуваат дрво, веќе 700 години, без да сечат дрвја.

Во 14 век, во Јапонија е родена извонредната техника на Даисуги. Техниката обезбедува дрвја кои ќе бидат засадени за идните генерации и нема да бидат исечени, туку ќе бидат кастрени. Со примена на оваа техника, дрвото што може да се добие е еднолично, без јазли, практично совршено за употреба.

4. Неверојатниот аеродром „Чанги“ во Сингапур

5. Мостот што ги обедува Шведска и Данска

Мостот што доаѓа од Шведска се претвора во тунел под морето и повторно се појавува во Данска. Двете земји обединети со ова прекрасно инженерско дело.

6. Средновековна куќа, лоцирана во француското село Аргентан, изградена во 1509 година.

7. Патување низ времето

Првата слика покажува старогрчки пелике кој прикажува жена акробат која гаѓа стрела со нејзините стапала. Артефактот датира од 4 век п.н.е. Втората слика покажува акробатски стрелец на Светските номадски игри 2016 одржани во Киргистан.

8. Џиновски армадилоси

Аргентински фармер го пронајде ова 20.000-годишно семејство на џиновски армадилоси (глиптодон) закопани во близина на река. Сите тие гледаа во иста насока, како да одат кон нешто. Се проценува дека тежеле околу 2 тона.

9.Кастелфолит де Ла Рока, Шпанија.

Ова село е изградено на карпа висока повеќе од 50 метри и долга околу 1 километар.

10. Најстариот недопрен тепих на светот.

Исткаен некаде пред 2500 години и пронајден замрзнат во планините на Централна Азија.

11. Гробишта во Тајван

12. „Сала на огледала“, Версај, Франција.

13. Скалила во замокот Шамбор во Франција.

Дизајнирани од големата легенда на високата ренесанса Леонардо да Винчи во 1516 година.

14. Јазлите на Хисашимичи!

Тоа е јапонски автопат, направен со минимална загуба за животната средина. Ова е сериозно импресивно инженерско ремек-дело.

15. Дрвен мост стар 200 години во Дагестан, изграден без ниту еден клинец.

16. Еден од најголемите предримски мозаици некогаш пронајдени.

Мозаикот се наоѓа во Кутлеш, Егејска Македонија, изграден е во времето на Филип Втори, а целта било да ја покаже моќта на Кралството Македонија.

17. Римска бања

Изградена од императорот Веспазијан сè уште се користи по 2.000 години во Кенчела, Алжир.

18. Армијата од Теракота.

Теракотни скулптури што ги прикажуваат војските на Чин Ши Хуанг, првиот император на Кина. Тоа е форма на погребна уметност погребана со императорот во 210-209 п.н.е. со цел да се заштити царот во неговиот задгробен живот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.