2-годишно девојче е најдобра пријателка со семејство на диви хиени
Многу мали девојчиња сонуваат да имаат куче, маче или пони, но најголемата желба на ова мало девојче се хиените. Кики Волхутер се воодушевила од месојадните суштества откако нејзиниот татко Ким ѝ купил плишана играчка, хиена, кога била бебе.
Нејзиниот татко е експерт за хиени, а 2-годишното девојче е прилично опуштено во нивното опкружување. Хиените исто така уживаат во дружбата со малата Кики, додека нејзината мајка ја документира необичната дружба во Зимбабве.