2 годишно дете од Велика Британија е најмладиот член на здружението за лица со висок коефициент на интелигенција, Менса – веќе знае неколку јазици и учи Морзеова азбука
Британското момче Џозеф Харис-Бертиљ стана најмладиот член на Менса — најголемото и најстаро здружение за лица со висок коефициент на интелигенција. Тој бил примен на возраст од само две години и 182 дена, откако покажал извонредни когнитивни способности.
Менса прифаќа членови со IQ од најмалку 132, што ги сместува во горните два проценти од светската популација. Џозеф го импресионирал здружението уште од рана возраст — го изговорил првиот збор од седум месеци, а на неполни две години читал книги гласно и течно, броел до 10 на пет јазици и знаел да брои напред и назад до над 100.
Поддршка за неговиот понатамошен развој
„Моментално учи Морзеова азбука, го знае грчкото писмо и се интересира за периодниот систем на елементите“, вели Роуз. „Неговите интереси се широки и постојано сака нови предизвици“.
Џозеф сè уште не сфаќа колку е всушност напреден. „Многумина мислат дека на надарените деца им е сè лесно, но тие исто така имаат потреба од соодветна стимулација и разбирање“, додава мајката. Таа се надева дека членството во Менса ќе му понуди заедница на врсници и поддршка во развојот на неговата извонредна интелигенција.
„Беше јасно дека е исклучително дете“
„Уште од самиот почеток стануваше јасно дека е исклучително дете“, вели неговата мајка, д-р Роуз Харис-Бертиљ. „Проговори на седум месеци, а првата книга ја прочита гласно од почеток до крај на една година и девет месеци“.
Џозеф е дури и помлад од претходната најмлада членка на Менса, Американката Ајла Мекнаб, која се приклучила на 2 години и 195 дена. Неговите родители, двајцата академици, се вработени на Универзитетот Сент Ендрјуз во Шкотска. Таткото Дејвид е професор, а мајката Роуз е почесен виш предавач и уредничка во Open Library of Humanities.
Еве што се добива кога ќе се вкрстат: „Татко професор и Мајка почесен виш предавач и уредничка“!
Сите нивни колеги професори или во друга професија напредни или се исклучок,колку се родиле како Ајнштајн,Џобс и некој други?Приметувам на секоја објава на сајтовите кажуваш работи што не држат вода,изгледа од ниска класа потекнуваше дека само глупи одговори даваш.
Коментирај анонимно