20-годишен дечко сподели застрашувачки фотографии откако двометарска ајкула му ја распарчила раката пред да успее да ја собори само со мал нож
Предупредување: Оваа статија содржи графички слики што некои читатели може да ги сметаат за вознемирувачки.
20-годишниот нукрач Ангус Кокот работел на едрилица во Тихиот Океан со својот најдобар пријател Деклан на 23 мај. Откако се закотвиле во Мангарева на островите Гамбиер, отишле на оддалечен гребен за да вежбаат слободно нуркање за некој натпревар.
Кога Деклан почнал да фрла тегови во океанот за да вежба длабоко нуркање, Ангус видел ајкула долга два и пол метри како се движи зад него.
Ангус, од источен Лондон рече: „Само уживав во пејзажот и рибите и бев несвесен. Потоа, во аголот на левото око, забележав нешто.. Оваа голема форма се движи зад мене. Замавнувам со телото налево за да се свртам и ја гледам ајкулата како доаѓа право кон мене одоздола. Можев да кажам дека ќе направи нешто затоа што ја имаше устата полуотворена. Беше поголема од мене, долга околу два и пол метри. Не знам точно каква ајкула беше, но лично мислам дека беше сива гребена ајкула. Единственото нешто што ми се вртеше низ главата во тој момент беше тоа што ајкулата беше многу агресивна и морав брзо да реагирам. Беше подготвена да ме гризне. Штом ми се приближи, ги затвори очите и штом го направи ова, знаев дека ќе ме гризне“.
„Знаев дека ќе има сериозна борба за живот. Таа ми одеше директно накај вратот, па ја ставив левата рака за да го ублажам ударот и пред да знам, ми ја распарчи раката. Ме имше загризано помеѓу мојот зглоб и мојот лакт и не можев никако да се ослободам, ми ја распарчи раката за неколку секунди. Штом ме касна, се сеќавам дека целата рака ми се вкочани“.
За тоа како неговиот мал нож му го спасил животот, Ангус објаснил: „За неколку секунди го имав безбедносниот нож во раката. Се фокусирав директно на жабрите на ајкулата и нападнав агресивно. Морав нешто да направам за да ја тргнам од раката пред да ми се пробие низ коските бидејќи чувствував како ми крцка раката. Ја удрив со силни убоди со сета моја сила и потоа ја пуштив. Не сум сигурен што се случи со ајкулата, но останав во водата целосно распарчен со откриена коска. Имаше толку многу крв околу мене. Пливав најбрзо што можев надвор од областа и за среќа успеав да се извлечам без повторно да ме нападне ајкулата инаку толку ќе беше од мене. Немаше да го преживеам тоа. ”
По операцијата, Ангус вели дека е „оставен со четири големи дупки“ на раката.
„Хирурзите завршија неверојатна работа“, додаде тој.
„Нервите заздравуваат многу бавно и дури и ако мојот нерв заздрави на начинот на кој тие очекуваат, тие рекоа дека ќе треба околу година и пол за тој дел на мојата рака. Тоа не ме одложи да станам капитен и да се вратам во вода. Го сакам нуркањето, пливањето, а исто така многу сурфам. Соочувањето со фактот дека можеби нема да можам повторно да го направам ова беше навистина тешко, но ќе морам да се снајдам. Тоа е дел од ризикот да го правам она што го сакам“.
„Би сакал да кажам дека не им се лутам на ајкулите. Не обвинувам животно што го прави она што го прави диво животно. За жал, бев невнимателен и обично имам малку повеќе време да се подготвам за ваков пример, но беше многу чудно и вакви работи се случуваат само еднаш во неколку милиони“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно