20-годишна убавица се одлучи за необична професија поради пандемијата со коронавирусот

20-годишната Зои Колман работела како спасувач на базен. Сепак поради пандемијата сите вакви локации повеќе не работат, па така и убавата Зои останала без работа. Таа исто така студира уметност, но не може да оди ниту на факултет. Па затоа девојката се одлучи за работа која најчесто ја работат повозрасни мажи.

Зои станала ѓубреџија. Таа го заменила елекот за спасување со ѓубреџиска униформа и сега се грижи за хигиената на нејзината заедница во родниот град Пемброкшир, Велс. И покрај тоа што на нејизното ново работно место е надбројана од машките колеги сепак Зои вели дека е среќна што на некој начин помага за време на пандемијата, но и останува активна.

„Откако центарот за спорт се затвори моите опции да продолжам да работам не беа широки. Но, знаев дека сакам да им помогнам на луѓето, па само пукнав и аплицирав. Јас сум единствена жена и на моменти е доста тешко. Јас ги правам моите чекори и добивам многу свеж воздух што е одлично за моето ментално здравје отколку да останам во затворено. Исто така предност е додека се возиме покрај селата.“, вели Зои.