20-годишник на кој му остануваат само неколку денови од животот се ожени за својата девојка од смртна посетла

Дваесетгодишен студент се оженил со својата девојка од својот кревет, откако претходно овој месец му беше кажано дека му преостануваат само неколку дена живот.

На Овен Копланд, студент на трета година на универзитетот Џон Мурс во Ливерпул, му беше дијагностициран тумор на мозокот во Ноември 2020 година.

Набргу потоа, тој беше подложен на потенцијална спасувачка операција и радиотерапевтски третмани, сепак неодамнешните скенирања покажуваат дека туморот значително пораснал, што довело до лекарите да ја дадат трагичната вест дека може да има само неколку дена живот.

Откако ја добил дијагнозата, Овен ја прашал својата девојка, 21-годишната Сара Џонс, да се омажи за него. На 8 Март, собрани околу него во неговиот дом во Ливерпул, пријателите и семејството на Овен организираа свадба со музика во живо, цвеќиња и храна.

Мајката на Овен, Гил, рече дека неговиот кум Лук го прочитал „најубавиот говор“ што некогаш го слушнала.

„Се чувствував добро кога ги видов моите пријатели и кога го слушнав говорот на мојот кум, кого го замолив да ми биде кум само претходниот ден“, рече Овен.

Дијагнозата на Овен се појави кратко време откако тој започна да страда од силни главоболки за време на вториот национален карантин во Октомври 2020 година. Тој во тоа време побарал медицинска помош, но не можел да закаже на лекар заради пандемијата.

Гил рече дека повикала амбулантни возила и Овен бил пренесен во болница три пати пред конечно да добие скен на главата, кој открил дека има агресивен тумор на мозокот.

И покрај извршената радиотерапија и голем број операции, ракот се проширил на неговиот ‘рбет.

Работите тргнаа наопаку на 5 Март, кога лекарите го известија семејството дека туморот притиска на мозочното стебло на Овен и предизвикува пад на срцевиот ритам. Венчавката се одржа само три дена подоцна.

Неговата мајка и семејство сега работат на подигнување на свеста за тумори на мозок, област за која Гил смета дека нема финансиски средства.

„Верувам дека треба да има повеќе средства за истражување на тумори на мозок. Тој и другите кои страдаат заслужуваат оваа промена да се случи“ рече таа.