20 животни совети што ќе посакате да сте ги знаеле многу порано | Мотика

20 животни совети што ќе посакате да сте ги знаеле многу порано

Арџун Махадеван му подари на светот уникатен подарок кога ги побара најдобрите „животни совети“ од скоро 22 милиони луѓе. Тој ги сподели најдобрите 20 во Твитер тема што собра повеќе од 619.000 прегледи. Махадеван ги најде советите од подфорумот Life Pro Tips на Редит, кој постои од 2010 година.

Арџун Махадеван е извршен директор на doolaHQ, што тој го нарекува „се-во-едно пакет за отворање компании со ограничена одговорност (LLC)“.

 

Тој ги нарече своите совети „20 животни совети што ќе посакате да сте ги знаеле на 20 години“, но овие совети се корисни за секој, без разлика на возраста. Особено се погодни за оние кои се во врска, имаат работа или сакаат да останат смирени во фрустрирачки ситуации.

Многу од советите се фокусирани на тоа како да ги преиспитаме нашите судови за другите за да станеме посочувствителни. Има и практични препораки за професионалци, со цел да избегнат непријатности или да не го губат времето на другите.

Едноставна промена во однесувањето или перспективата може драстично да го подобри вашиот живот. Еве ги 20-те животни совети на Арџун Махадеван што ќе посакате да сте ги знаеле порано:

1. „Ако сте заглавени во досаден телефонски разговор, ставете го телефонот на авионски режим наместо да го прекинете повикот. Другата личност ќе види ‘врската е прекината’, а не ‘разговорот е завршен’.“

2. „Кога се регистрирате на било која веб-страница, ставете го името на веб-страницата како ваше средно име. Така, кога ќе добивате спам пораки, ќе знаете кој ги продал вашите податоци“.

3. „Секогаш кажувајте им на децата кои носат кацига колку кул изгледаат. Ќе ги охрабрите секогаш да ја носат“.

4. „Кога немате доволно информации, обидете се да ја претпоставите најдобрата причина за туѓото однесување. Бавен возач? Можеби е мајка со роденденска торта во автомобилот. Овој начин на размислување ќе ве направи помалку реактивни и посочувствителни“.

 

 

5. „Не се трудете да бидете човекот што вашиот татко би сакал да бидете. Бидете човекот што би сакале вашиот син да бидете. Тоа појасно ги дефинира вашите уверувања, желби и цели“.

6. „Кога пријател е вознемирен, прашајте го едно едноставно прашање: „Сакаш да зборуваш за тоа или да не мислш на тоа?“

7. „После лошо раскинување, направете 10 работи што вашиот поранешен партнер никогаш не би ги направил со вас. Ќе се чувствувате подобро и ќе сфатите колку сте се ограничувале“.

8. „Пред да му дадете на детето уникатно име, пробајте го прво. Користете го при нарачки на храна, резервации и сл. Ќе добиете претстава со какви предизвици може да се соочи детето подоцна“.

 

 

 

9. „Ако треба да откажете хотелска резервација, но не можете поради 24-часовната политика, јавете се и преместете ја за подоцна. Потоа откажете ја без наплата“.

10. „Ако му кажете на некој дека треба да разговарате, ВЕ МОЛАМ, дадете барем мал наговесток за што се работи, или дека не е лоша вест“.

11. „Никогаш не праќајте маил во врска со работата кога сте емоционално вознемирени. Напишете го, зачувајте го како нацрт и остаете. Најдобро е да го преспиете. Ќе донесете попаметна одлука кога ќе бидете смирени“.

12. „Не дозволувајте децата секогаш да победуваат во игри. Можете да ја забавите играта или да ги учите стратегии, но бидете реални. Еден ден ќе ве победат поштено и ќе се чувствуваат горди“.

 

via GIPHY

13. „Кога готвите на алуминиумска фолија, прво згужвајте ја, а потоа испружете ја. Така, соковите ќе останат, а храната нема толку да се лепи“.

14. „Ако ви текне добра идеја, запишете ја. Вашиот мозок ќе се обиде да ве излаже дека ќе ја запомните, но нема“.

15. „За да одржувате орална хигиена, потребни се само 4 минути дневно и скоро никакви трошоци. За корекција е потребен цел живот и многу пари“.

16. „Не чекајте да имате време за да почнете со фитнес програма. Најдобро време да започнете е кога сте зафатени“.

 

 

 

17. „Кога пишувате пораки во врска со работата, кажете сè во првата порака. Не пишувајте само ‘здраво’ или ‘може ли да прашам нешто?’“

18. „Наместо да мислите дека сте го уништиле денот и да го оставите за утре, замислете го денот како четири четвртини:

• Утро • Пладне • Попладне • Вечер

Ако утрината тргне наопаку, продолжете со позитивен став за следната четвртина.“

19. „Многу брачни проблеми се всушност проблеми со тоа да бидете лош цимер. Научете како да бидете добар цимер и ќе ги решите многу од проблемите“.

20. „Прашајте се: ‘Што ми значи мене ова?’ кога ќе се најдете како судите за нечии облеки или хоби. Колку повеќе се тренирате да не се грижите за туѓите лични избори, толку поопуштени и пољубезни ќе станете“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *