2020 никогаш нема да ја заборавиме, а еве ги и сите причини зошто

2020 ќе зафати прилично поголем дел од историјата со работите што се случија за толку краток период. Овој креативен статус во целост ни ја претставува годината која сите едвај чекаме да ја испратиме…

-Изгоре пола Австралија (угинаа 480 милиони животинки).

-Коби Брајант се одјави.

-Каубојциве го убија иранскиот генерал Qasem Soleimani и беа на работ на војна со Иран.

-Кинез зготви чорба од лилјак. Останатото е историја, сегашност и иднина.

-Tedros Adhanom (СЗО) рече вирусов не се пренесува од човек на човек. Цаци нокти ефтино рече нема вирус. Цаци си остана на зборот.

-Д-р спец. Нина Цаца Биљановска го понесе лауреатот “Гром во коприва не удира”.

-Харалампие и Меган се откажаа од кралскиот корен и бофчите шо ги следвеа. Живеат од социјална помош.

-Украински патнички авион се сруши над Иран од натприродни сили и погинаа 200 луѓе.

-Боки 13 се спореди со Тито.

-Се покрена постапка за импичмент на Трампета.

-Се деси Брегзит.

-Харви Вајнштајн после 40 години успешна кариера во директно барање да му дадат во замена за успешна актерска кариера, се пензионира.

-Лиде Лиде отворено му се нудеше на Филипче.

-Светската берза го забележа најголемиот пад од 1987ма, поточно пад од 2997 поени. Кај нас не се ни осети.

-Kim jong-un на здравје го умреа.

-Се утврди и докажа дека 5G можит да те оглупит до точка од која нема назад. Никогаш…

-Берни Сандерс на 78 години се повлече од политика.

-Се покажа дека бугариве не сакаат повеќе од грциве.

-Драган Вучиќ се одјави.

-Александар Вучиќ прозборе кинески.

-Оливер прозборе клингонски.

-Кристијано Роналдо смена фризура.

-Мала група македонци пресадија срце. Поголема група не мијат раце.

-Рејсов си фати пиче 40 години помладо, ја погреба короната и го разрешија (све ова во 1 недела).

-Америка е на работ на втора граѓанска војна.

-Ката се слече гола….

…а не сме стасани ни до пола…2020та.

Автор: Тоше Митрески